Ученички екскурзии

Со цел проширување на своите знаења за својата татковина, истражување на непосредната околина, запознавање со географски, културни и историски локалитети, за учениците се реализираат ученичките екскурзии како специфичен облик на воспитно-образовна работа.

Стручниот тим за организирање и реализација на екскурзии во соработка со директорот на училиштето навремено  изготви  Програма за реализација на екскурзии и други слободни активности за учениците во учебната 2017/2018 година, која е усвоена од Советот на родители,  БРО и од Советот на Општина Центар,Скопје.

Согласно Годишната програма за екскурзии, во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година се реализираа следните екскурзии:

Ред Бр. Вид на екскурзија Маршута Одд. Бр. ученици Време на реализација
1. Еднодневен есенски излет Пеленица – Скопје, Драчево I-IX 629 20.10.2017
2. Екскурзија во траење од три дена Западен дел од Северна Македонија IX 52 09-11 11.2017
3. Екскурзија во траење од два дена Источен дел од Северна Македонија VI 63 31.10.2017 – 01.11.2017
4. Настава во природа Охрид V 73 24 – 28.10.2017

 

Согласно Годишната програма за работа  на училиштето, преостанатите планирани екскурзии и наставата во природа, ќе се реализираат во текот на второто полугодие од ова учебна година.