Ликовно образование

Програмата по предметот ликовно образование во основното училиште се темели врз процесот на истражувачко учење и творење за време на часовите. Работата на часот се одвива според утврдена годишна програма, која има за цел да го развива креативното мислење кај учениците низ креативната работа, развивање на визуелната култура, способност за обликување како и способност за естетско доживување и проценување под менторство на наставникот Снежана Шумковска.

Учениците се мотивираат да развиваат љубов кон ликовната уметност, да ги развиваат творечките способности во разни ликовни техники: сликарски, графички, керамика, дизајн и вајарство.

Преку наставата по ликовно образование, секој ученик може да се изрази во целост, да стекне знаења и да си ги прошири компентенциите на визуелно – ликовно размислување. Учениците развиваат способност за набљудување, доживување и истражување , елементи на ликовното образование, со кои истовремено се формира сестрано развиена личност.

Учениците активно учествуваат во решавање на задачите поврзани со училиштето преку ликовните активности особено во естетското уредување на училиштето. Во тие активности учениците развиваат чуство за компонирање простор, боја, тон, волумен и хармонија.

Учениците со своите ликовни творби учествуваат на градски, општински , републички , тематски изложби како и учество на натпревари и конкурси. За нашите заеднички успеси сведочат многубројни награди и признанија кои се мотив за сите нас да продолжиме во пријатна атмосфера и соработка на часот по ликовно образование.