Македонски јазик и општествени науки

Во Активот на македонски јазик и општествени науки членуваат и остваруваат плодна соработка наставничките по македонски јазик Менка Трепалковска и Славица Мирчевска како и наставничките по историја и граѓанско образование Маргарита Илиевска Павлова и Бранка Димевска.

Да го познаваш и говориш мајчиниот јазик правилно, е да пишуваш и твориш на него – тоа е нашиот императив. Така остануваме верни на духот и јазикот на нашите предци. Учејќи за јазикот и книжевноста, учениците учат за себеси и светот во кој живеат, развиваат почит и љубов кон мајчиниот јазик, кон неговата книжевност и култура. Со тоа се дава и духовна димензија на човечкиот живот. Важноста на воспитните вредности, лесно се нагласува преку книжевните текстови што секогаш зборуваат за универзалните вредности.

Историјата како наставен предмет добива значење на национален предмет и се лишува од каква било идеологија. Учениците стануваат активни учесници во наставата и сè повеќе самостојно изработуваат проекти.

Нашиот актив редовно ги одбележува значајните датуми од нашата и светската историја со соодветна програма.

Во рамки на редовната настава, функционираат и слободните ученички активности за кои постои голем интерес меѓу учениците. Токму тој голем интерес , носи соодветни резултати како во рамките на училиштето,така и надвор од него.

Нашите ученици редовно учествуваат на училишни, општински , регионални и државни натпревари , каде што постигнуваат забележителни резултати.

Синоним за нашето училиште е создавање на изградени личности, со позитивни вредности, кои лесно се интегрираат во општеството.