Еколошко образование – Еко училиште

Работејќи континуирано во сферата на еколошката едукација, OXO во 2010 година со поддршка од Министерството за образование и наука, одлучија да ја постават целокупната програма Немаме резервна планета на едно повисоко ниво, вметнувајќи ја преименувана, Интеграција на еколошкото образование во македонскиот воспитно-образовен систем – Еко училиште.

Ова програма се состои од неколку делови меѓу кои главно место зазема програмата „Како да се стане еко-училиште“ и се состои од методологија со седум чекори во еко менаџмент и четири еко – стандарди кои се задолжителни за сите образовни институции. Координатор на проектот е Бранка Димевска.

Во рамките на овој проект по сите наставни предмети се имплементираат посебни цели и задачи. Со цел укажување на еколошките стандарди, поставени се корпи за отпадоци со едукативни пораки, реновиран е училишниот хол, а во иднина се планира хортикултурно уредување и одржување на училишниот двор.