Англиски и германски јазик

Во Јазичниот актив по англиски и германски јазик членуваат и остваруваат плодна соработка наставничките Билјана Црвенова, Катерина Музелова, Викторија Кузмановска и Мирјана Стојменовска.

Секој нов научен јазик е уште еден отворен прозорец кон светот. Без разлика на тоа за каква струка би се определиле учениците во иднина, изучувањето странски јазици е неопходно.

Јазичниот актив во нашето училиште, следејќи ги современите трендови во образованието, се залага за мотивирање на учениците да дознаат повеќе не само за англискиот и германскиот јазик, туку и за културата и обичаите на државите каде се говори како мајчин јазик.

Наставниците ги мотивираат учениците да вршат истражувања , пишување и изведување на драмски претстави. Тие имаат можност да се запознаат со историјата и убавините на државите каде се зборува англиски и германски јазик, како и со многу познати историски личности, пејачи и писатели кои потекнуваат од истите.

Голем акцент при реализирање на наставата на англиски и германски јазик се става на употребата на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) и развивање на еко-свеста кај учениците.

Учениците може да посетуваат додатна, дополнителна настава и исто така може да се вклучат во јазичната секција.

За успехот на работата на Јазичниот актив говорат многубројни освоени награди за натпреварите од општински и државен карактер.