Со цел проширување на своите знаења за својата татковина, истражување на непосредната околина, запознавање со географски, културни и историски локалитети, за учениците се реализираат ученичките екскурзии како специфичен облик на воспитно-образовна работа.
Стручниот тим за организирање и реализација на екскурзии во соработка со директорот на училиштето навремено изготви Програма за реализација на екскурзии и други слободни активности за учениците во учебната 2017/2018 година, која е усвоена од Советот на родители, БРО и од Советот на Општина Центар,Скопје.
Согласно Годишната програма за екскурзии, во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година се реализираа следните екскурзии:
Ред Бр. | Вид на екскурзија | Маршута | Одд. | Бр. ученици | Време на реализација |
1. | Еднодневен есенски излет | Пеленица – Скопје, Драчево | I-IX | 629 | 20.10.2017 |
2. | Екскурзија во траење од три дена | Западен дел од Северна Македонија | IX | 52 | 09-11 11.2017 |
3. | Екскурзија во траење од два дена | Источен дел од Северна Македонија | VI | 63 | 31.10.2017 – 01.11.2017 |
4. | Настава во природа | Охрид | V | 73 | 24 – 28.10.2017 |
Согласно Годишната програма за работа на училиштето, преостанатите планирани екскурзии и наставата во природа, ќе се реализираат во текот на второто полугодие од ова учебна година.