„Мојот есеј“ е проект кој Општина Центар го реализира во соработка со Инститиутот за македонска литература,за поттикнување на младите за творештво и запознавање со техниките на креативно пишување и начинот на подготовка на есеј.
За таа цел беа одржани сесија на едукативни работилници од страна на проф. д-р Александар Прокопиев, проф. д-р Лорета Георгиевска Јаковлева и проф. д-р Валентина Миронска, за учениците од сите основни училишта во Општина Центар, кои покажуваат афинитети и интерес за литературното творештво.
На 10.12.2018 год. Градоначалникот Саша Богдановиќ им ги врачи признанијата на учениците. Ученикот Илин Московски од VIIIа под менторство на Славица Мирчевска освои II место, а ученичката Ана Бошнаковска под менторство на Менка Трепалковска беше пофалена.