Ученички екскурзии

Планирани ученички екскурзии во учебната 2025/2026 година

 

Врз основа на годишната програма за работа на училиштето  се изготвија Програми за екскурзии, излети и други вонучилишни активности за учениците во основното училиште. Училишниот одбор со Одлука формираше посебен стручен тим составен од следните членови: Гордана Јаневска –  директор, Верица Костовска – стручен соработник, Наташа Д. Митрова, Ирина Шорева, Јасмина Апостолова, Валентина Петровска, Диана Марковски, Сања Мерџановска, Горан Ѓорѓиевски, Јане Боровски кој ги подготви Програмите за екскурзии, излети и други вонучилишни активности и изработи Етички кодекс за однесување на учениците за време на училишните екскурзии, излети и други вонучилишни активности.

Ред Бр. Вид на вонучилишна активност Маршута Одделение Време на реализација
1. Екскурзија во траење од три дена за IX-то одделение Скопје – Маврово –  Охрид – Прилеп – Скопје IX одд. Октомври 2025
2. Дводневна екскурзија за ученици од VI одд Скопје – Штип – Дојран – Струмица – Скопје VI одд. Октомври 2025
3. Еднодневен есенски излет за сите ученици од I до IX одделение Скопје – Кучково – Скопје I-IX одд. Октомври 2025
4. Настава во природа за ученици од V одд Скопје – Охрид – Скопје V одд Октомври 2025
5. Еднодневен пролетен излет за сите ученици од I до IX одделение Скопје – Сарај – Скопје I-IX одд. Мај 2026
6. Еднодневна екскурзија за ученици од III одд. Скопје – Велес – Скопје III одд. Мај 2026
7. Зимување Скопје – Крушево – Скопје I-IX одд. Зима 2026
8. Летување Скопје – Охрид – Скопје I-IX одд. Лето 2026

 

15.09.2025 година

Скопје, 2025