Основното училиште „Кочо Рацин” се наоѓа во подножјето на планината Водно, на улица „Салвадор Аљенде” број 2, во Скопје, Р. С. Македонија.
Училиштето располага со: простран поплочен двор, зелени површини и спортски терени, училници, библиотека, сала за физичко образование, канцелариски простории, кујна со трпезарија и други простории.
Наставата се изведува на македонски јазик.
ООУ „Кочо Рацин” е меѓу првите училишта што ги прифати основните насоки за современото реформирано училиште, за рационално користење на нагледни средства и наставни помагала, а со цел осовременување на наставата. Училиштето води постојана грижа за одржување и подигање квалитетот на наставниот процес – поквалитетно образование, преку внесување на иновации и модернизација на методите, формите и техниките на работа согласно развојните нивоа на учениците и стиловите на учење, креирање поттикнувачка средина за учење и развој, градење атмосфера на почитување различностите кај учениците.
Толеранцијата, хуманоста, човечките права, заштита на природата, се вредности кои во училиштето се негуваат со години.
Како централно училиште ги негуваме просветните, културните, хуманистичките и етичките вредности.
Училиштето е организација во која работи вреден, посветен и креативен наставен кадар кој вложува успех како во себе, така и во успехот на своите ученици.