Активности на ученици

16 Ноември е Меѓународен ден на толеранцијата. Нашите најмали Iв одделение посветија час, токму за да научат што е тоа толеранција. На сите ви порачуваат: Ајде заедно да го направиме светот поубаво место за живеење. Ние можеме… Сите можеме!!! ❤️
Одделенски наставници:
Катерина Вукашиновски

 

 

На денешната ученичка Квизотека 2023/2024 која се одржа во Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје нашето училиште учествуваше со 3 други училишта и тоа:
ООУ Св.Климент Охридски – Општина Кисела Вода
ООУ Георгија Пулевски – Општина Аеродром
ООУ Киро Глигоров – Општина Центар
Учениците одлично се покажаа во сите активности, но сепак, највпечатлива беше позитивната атмосфера, убавата енергија и насмевките кај сите учесници.
До следната ученичка квизотека…
Фебруари…
🍀🍀🍀

                

 

Смели, љубопитни и комуникативни разговори нижеа малите IIб. Денес тие се запознаа со работните обврски и надлежности на Претседателот на Р.С. Македонија, г-дин Стево Пендаровски. Учениците сакаат да ги збогатуваат своите училишни и воннаставни активности – тоа вреди!
Посетата беше во чест на нашето Скопје, по повод 13 ноември, денот на нашиот главен град. 🇲🇰
Одделенски наставници:
Диана Марковски
Јулe Климевска Манче

                

 

Денес учениците од IIв одделение по повод 13-ти Ноември, Ден на ослободувањето на Скопје, имаа прекрасна, едукативна работилница со родители. Имено учениците се запознаа со приказната ,,Големата камена глава, јунакот и копјето кое пее”, а потоа го цртаа јунакот со копјето. Следеше и најинтересниот дел од работилница – ,,Мали архитекти, но со големи идеи – што сакам да има на кровот од ГТЦ” заедно со архитектот Јана Ѓорѓевиќ.
Благодарност и до Ведран Ѓорѓевиќ, Ирина Кузмановска, Јован Трпевски и Моника Стоиловска.
Одделенски наставници:
Валентина Зафировска

                

 

Денес учениците од IIв одделение беа во посета на Народна Банка на Република Северна Македонија.
Учениците го проширија знаењето за парите и научија како да штедат.
Одделенски наставници:
Валентина Зафировска

                

 

Учениците од 9б и 9в одделение денес беа во посета на гимназијата Алгоритам. Дел од учениците проследија новитети од областа на информатиката и IT технологија, додека дел од учениците присуствуваа на презентацијата на хемиски експерименти при што имаа можност и самите да експериментираат.
Одговорни наставнуци:
Катица М. Христова
Марина Гроздановска

                

 

Во нашето училиште на часовите по биологија кај наставничката Ирина Шорева имаше гости, предавачи од Природно-математичкиот факултет. Професорката Наталија од катедрата за микробиологија заедно со нејзините асистенти одржаа интерактивно предавање на тема:
Микроорганизми, СИТНИ АМА БИТНИ: НОВ ПРИСТАП КОН ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА. Нашите ученици со голем интерес и внимание го следеа предавањето и стекнаа нови знаења.

                

 

Нашите ученици од 8 одделение Катја Димова, Марио Матиќ, Борјан Настов, Искра Ристовска, Соња Музелова и Мила Петковиќ заедно со наставничката Ирина Шорева во организација на Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje, учествуваа на општински натпревар за прва помош и заштита и освоија трето место!!!
Им честитаме на нашите ученици и изразуваме благодарност до менторките Стефанија и Анастасија, претставнички од Црвен крст Скопје, кои ги подготвија учениците за учество на денешниот натпревар.

                

 

Во паркот Франкофонија се одржа манифестацијата “Еко пикник” , во организација на Општина Центар – Скопје. Нашето училиште учествуваше во музичкиот дел, во кој настапија: Јована Алексовска, Мина Нетковска и Софија Костовска, под менторство на наставник Наташа Митрова.

                

 

ООУ Кочо Рацин се приклучи кон еколошката акција организирана од Општина Центар – Скопје под мотото „Да го рециклираме ѓубрето од минатото во зелена иднина“. Нашето училиште учествуваше во големата акција за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 во која се вклучија 52 општини од државата.
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните и учениците за заштита на животната средина.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0SGD5PSCaDEoCFR9p8vRN1atcy9waJEBTjpFaq7qeqHhYX4oZMA2aiZmxpzXtTgGzl

                

 

Денес нашите најмали, првачињата од Iб, со своите наставнички Диана Марковски и Јуле Климевска Манче реализираа работилница на тема “Професии на луѓето” во рамките на наставниот предмет општество, па оттука ја посетија и адвокатска канцеларија ПетреШилегов.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid02QLvUqhE4mboLntoKyEidZxobGEgM7gh13JYR9GyT31i77RkRPtWm8wFQpBF73RzYl

                

 

На ден 26.04.2023 година, како завршен дел од проектот, учениците од VII и VIII одделение, имаа можност да ја посетат Полициската станица Беко, да се запознаат со работата и надлежностите на вработените, како и опремата кои ја користат при нарушен јавен ред и мир. Имаа можност да се видат и поразговараат и со командирот на Полициската станица Игор Стаменковски.
Одговорни за проектот во нашето училиште: Билјана Црвенова и Верица Костовска, во соработка со претставници од МВР, отсек: Безбедност и Општина Центар – Скопје.

                

 

По повод денот на книгата, денес нашите ученици од Vб одделение со својата наставничка Катерина Вукашиновски, беа на посета на книжарницата Матица. Својата одделенска библиотека денес ја збогатија со нови книги, под мотивот:
Читањето е сила, читањето е моќ 📖 
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid02LbFxD5FDjrs6XT8wN4tN6KjWsgS34oTcbA4bBwdHDJi3Hvx8Pbqsb2tvM1FFyTqnl

                

 

Нашите ученици од 8 одделение, Катја Димова, Марио Матиќ, Борјан Настов, Искра Ристовска, Соња Музелова и Мила Петковиќ заедно со наставничката Ирина Шорева беа дел од настан на Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje по повод престојниот општински натпревар за прва помош.
Им посакуваме среќа, успех и стекнување на нови знаења кои ќе ги применат на натпреварот.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0HKzsH5BxJg3kXKtHYhRgpYH9djfwZqo5fN7rnUc6MEA1sKq3moe2PA1Kuc8QpiiUl

                

 

Ден исполнет со многу, многу насмевки…
Ден посветен на сите нас…
Ви доловуваме дел од атмосферата на ВЕЛИГДЕНСКИОТ ХЕПЕНИНГ и БАЗАР, настан со многу забава, музика, насмевки и креативни, ученички штандови со Велигденски изработки, под мотото МОЕ УЧИЛИШТЕ, НАШ ДОМ… МОЈА СЕГАШНОСТ, НАША ИДНИНА…
            https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0ANFP3owA8EBwuXTgUD6XqKidfLXn9LvWfj5HDSiQSwwtDUwjMEZ1pbDkPQau1Pm2l

                

 

Нашето училиште, под менторство на Билјана Црвенова, се пријави да стане дел од првата ЛЕГО турнеја која е во склоп на Еразмус проектот: “Градење со ЛЕГО коцки: Еко градови на иднината“.
Во прилог може да погледнете слики како нашите ученици од IIIа одделение навистина ангажирано се трудеа да го изградат нивното ,,Школо на Иднината”.   Браво! 👏   https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0264A2xUh6j5scwefAqxgKDwjQkSs5QjtazjSf6xVEvzmM2RDSd13iwVXVQiux2ZJql

                                         

 

 На ден 16.03.2022 учениците од деветите одделенија заедно со наставничките по биологија и хемија Ирина и Јасмина присуствуваа на отворен час по биологија и информатика во ПСУ Алгоритам, Скопје. Учениците на часот по биологија имаа можност да погледнат и да учествуваат во дисекција на лигња, додека на часот по информатика програмираа мини робот и гледаа низ 4д очила.

При денешната посета нашите ученици стекнаа нови знаења и искуства

smart

smart

smart

smart

                                         

 

Немаме Резервна планета 

Резервна планета

Изработил: Горазд Чучков 6в
Ментор: Менка Трепалковска                                                               

 

ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Главна цел на програмата за унапредување на здравјето е формирање на психички, физички и социјално здрава личност, способна да се грижи за своето здравје, здравјето на своето семејство и здравјето на поблиската околина.

Стручните соработници во соработка со одделенските раководители и наставникот по биологија во своите програми за работа реализираа содржини  за здравствена едукација, здрава исхрана, грижа за личната хигиена и хигиената на училиштето и работилници за унапредување на здравјето.

Грижата на  здравјето на учениците во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година опфати и реализација на програма за вакцинација на учениците, систематски прегледи и прегледи на забите.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Активност Време  на реали-зација Реализатор Извори

Ресурси

Методи  и постапки

при реализациjа

Очекувани

Ефекти

Организирање исхрана за учениците од I-IV  и ужина за учениците   V-IX  одделение 09-12.2017 Домаќин

Одделенски раководители Совет на родители

Договори склучени со набавувачи на ужинка

 

Реализација на оброк во договор со опслужуваќ за приготвување на храна Подобрување на општата психофизичка и здравствена состојба на учениците
Осигурување на учениците 10. 2017

 

Комисија за осигурување

Одделенски раководители

Секретар

Договор склучен со осигурителна компанија

Записник

Состаноци со советот на родители Надомест при евентуални повреди
Редовно одржување на хигиената на училници, ходници и училишен двор

 

09.2017 –

12.2017

Технички кадар,

Домаќин

Хаус мајстор

Прибор и средства за хигиена Ученици

Наставници

Вработени во училиштето

Одржување на хигиената во училиштето на високо ниво
Редовни прегледи  на личната хигиена на учениците 09.2017 –

12.2017

Одделенски раководители Дневници Реализација на редовните прегледии за лична хигиена Подобрување на личната хигиена и здравјето на учениците
Едукација за орално здравје

„Градба и функција на орална празнина за учениците од I, IV одд

 

 

09.10.2017

10.10.2017

 

 

Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Дневници

 

Презентација

Разговор за тема

Дискусија

Интеракција

 

Контрола, мотивација за одржување на орална хигиена кај децата
Систематски прегледи и залевања на учениците од VII одделение 18.09 – 22.09. .2017 Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Здравствени картони, Здравствени легитимации Дневници Стоматолошка ординација

Употреба на залевач по утврден протокол

Едукација на учениците и родителите за време на посетата

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
Систематски  преглед на учениците од VI одделение 22 – 24.11.2017

 

Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Здравствени картони, Здравствени легитимации Дневници Стоматолошка ординација

Употреба на залевач по утврден протокол

Едукација на учениците и родителите за време на посетата

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
Систематски прегледи и залевања на забите за учениците од V одделение 27 – 29.11.2017 Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Здравствени картони, Здравствени легитимации Дневници Стоматолошка ординација

Употреба на залевач по утврден протокол

Едукација на учениците и родителите за време на посетата

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
 

Систематски прегледи и имунизација на учениците: вакцинација според календар на имунизација на Министерство за здравство

06.09.2017

 

 

 

Ординацијата за превентивна здравствена заштита на училишни деца  – поликлиника Бит Пазар Здравствени картони, Здравствени легитимации  

IX одд.   Di-Te, Polio

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
 

Систематски прегледи и имунизација на учениците: вакцинација според календар на имунизација на Министерство за здравство

 07.09 2017

 

 

 

 

Ординацијата за превентивна здравствена заштита на училишни деца  – поликлиника Бит Пазар Здравствени картони, Здравствени легитимации  

II одд. Di-Te, Polio

 

 

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
 

Систематски прегледи и имунизација на учениците: вакцинација според календар на имунизација на Министерство за здравство

30 -31.10. 2017

 

 

 

 

Ординацијата за превентивна здравствена заштита на училишни деца  – поликлиника Бит Пазар Здравствени картони, Здравствени легитимации  

I одд. MRP

 

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
Едукативно предавање на тема „Заштита од загаден воздух“ 01.12.2017

 

 

Струлни лица од општина центар

Одделенски дневник Презентација

Разговор за тема

Дискусија

Интеракција

 

Зголемување на свеста за заштита од загаден воздух