Културниот живот на училиштето претставува збир на вредности, верувања и традиции што ја обезбедуваат основата за успешноста на едно училиште, велат наставниците Цветанка Тасевска и Иван Димовски.
Наставникот, целокупната своја енергија ја насочува кон младите, да ја активира нивната детска фантазија во областа на техничкото творештво и информатиката, откривајќи ги притоа надарените ученици.
Бидејќи живееме во време на технички достигнувања што значително влијаат врз нашиот секојдневен живот и придонесуваат за неговиот квалитет, сè поважна улога имаат предметите техничка култура и информатика.
Активно работиме и имаме за цел кај младите да ја шириме научно-техничката култура, да ги поттикнуваме за иноваторски дејности, да откриваме млади таленти и да ги насочуваме. Успехот на учениците е плод на заеднички напори и активна работа. Тоа го постигнуваме низ наставните содржини по техничко образование и информатика, слободно техничките активности и натпреварите.
Учениците и наставниците во основното образование со голема љубов и задоволство несебично даваат се од себе во прилог на наставата.
Постигнатите резултати зборуваат дека работата на секој поединец му овозможува да го достигне својот највисок степен на развој.
Не радува интересот кај учениците за техниката и технологијата, кој се движи по нагорна линија, а со тоа нашите ученици се повеќе се ориентираат кон техничките науки.
Нашата ученичка лабараторија нуди квалитетни можности за образование според системот „компјутер за секој ученик“.
Се стремиме учениците да бидат успешни, креативни, да учат и истражуваат, работаат тимски и да бидат способни за донесување на сопствени одлуки.