Современиот начин на живеење и работа остава мали можности за телесна активност, што негативно влијае на психофизичкиот развој на децата. Чекор напред во тој поглед е зголемувањето на фондот на часови по физичко и здравствено образование.
Низ активностите на слободните спортски активности надвор од редовната настава, училиштето им дава широки можности на учениците физички и здравствено да се развиват и напредуваат.
Да се зборува за спортот во ООУ Кочо Рацин, значи да се зборува за младост, за убавина, но и за настава по физичко и здравствено образование. За спортскиот живот во училиштето, со право може да се рече дека беше многу богат и разновиден.
Спортот и физичкото образование отсекогаш биле една од најсаканите слободни активности во училиштето. Се негуваат повеќе спортски дисциплини: кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, под менторство на наставниците Горан Ѓорѓиевски, Ирена Попова и Јане Боровски.
Училиштето зема активно учество на разни натпревари во организација на Општината, Градот, Републиката. За освоените први, втори и трети места на општинските, градските и републичките натпревари, говорат многубројните пехари и медалји кои ги красат витрините и ходниците на училиштето.