Во Активот по природни науки членуваат и остваруваат плодна соработка наставничките: Марина Гроздановска, Ирина Шорева, Катица М. Христовска и Јасмина Апостолова.
Природните науки имаат важна улога во животот и во работата на секое училиште. Во овој актив се вклучени предмети кои ги проучуваат природните појави, супстанцата и нејзините промени ,живите организми,живиот свет и планетата Земја како дел од вселената. Тука спаѓаат предметите : физика, хемија, биологија, географија, природни науки и природни науки и техника.
За реализација на наставната програма покрај учебникот , како дополнителни извори на знаења на часовите се користат слики, атлас, шеми, изведба на експерименти, микроскопирање и интегрирана компјутерска технологија, вклучувајќи работа во системот Edu Buntu на различни едукативни апликации. Предавањата се насочени кон ученикот. Ја развиваме способноста за решавање проблеми, ги подготвуваме учениците за предизвиците на иднината и ги воведуваме во истражувачки насочената настава. Учениците работат индивидуално и во тимови. Често работат на помали проекти што ги задоволуваат нивните интереси, ја развиваат личната одговорност и интердисциплинарноста меѓу предметите. На овој начин ученикот не е пасивен набљудувач и примател на знаењето, туку негов создавач.
Сето ова е со цел учениците полесно да ги разберат и научат сложените научни факти. Најважно е преку експериментите, учениците да сфатат дека експериментот е еден од најважните методско-дидактички средства со чија изведба се будат љубопитноста и истражувачкиот дух кај учениците.
Училиштето соработува и со Природно – математички факултет каде се реализираат воннаставни ученички активности, со цел учениците да се запознаат со активностите кои овозможуваат стекнување на универзитетска диплома од областа на природните науки.