Горди сме на нашиот ученик
ИЗВЕСТУВАЊЕ ! (04.09.2024)
Денес 29.03.2024 г. во 4а одделение беше гости нашиот дедо Мендо Димовски – поет, но и сликарот Живко Поповски – Цветин и претседателката на здружението на просветни работници на град Скопје. Се одржа кратка работилница цртање на неговите цветови на мирот со Катерина Митковска.
По повод учество во проектот под името ,,Театарот – уметност на емоции”, денес нашите наставници добија ПОФАЛНИЦА за вложениот труд и прекрасната изведба на нивниот авторски труд реализиран со помош на нашите ученици. Тие ја изведоа претставата ,,Времеплов – наш Рацин” под менторство на одделенски наставник Радмила Страшевска Ристиќ и предметен наставник по македонски јазик Ирена Костовска.
Детството потсетува на најубавите бајки и басни… тие кои ни ги кажувале нашите баби, мајки, учителки, и порано и денес.
Во Белград на Деновите на македонската култура се потпиша Меморандум за соработка помеѓу двете училишта ООУ Кочо Рацин од Скопје, Центар и ОУ Вук Караџиќ од Белград, Стари Град.
Денес на 10 Мај во нашето училиште се реализираше средба со Заменик Министерот за образование и наука Проф. Др. Агим Нухиу, преставници од Училишниот одбор, преставници од Советот на родители, Директорката на училиштето, Стручната служба, наставници и ученици.
На 07.06.2022 година, вторник, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа дополнително тестирање за избор на државен првак за шесто одделение.
Државен првак за шесто оддделение е прогласен ученикот
ВАЛЕНТИНО АТАНАСОВСКИ VI-в одделение
под менторство на наставникот Зорица Насевска
Денешниот ден беше посебен, особено за нашиот ученик ИСАК ЉУБЕНСКИ кој беше награден од Општина Центар и Градоначалникот г-дин Горан Герасимовски за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА во учебната 2021/22 година при ООУ “Кочо Рацин” – Скопје.
Драг наш ИСАК ЉУБЕНСКИ, ООУ “Кочо Рацин” – Скопје ти посакува успеси и понатаму, како и досега… во секое животно поле.
100- годишнина од раѓањето на Блаже Конески
Општина Центар организира работилница по повод сто години од раѓањето на ТАТКОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК- БЛАЖЕ КОНЕСКИ. Во овој проект беа вклучени: ЈАНА НЕГРЕВСКА, ЈОВАНА АЛЕКСОВСКА и НЕВЕНА ЦВЕТКОВА. Нашите млади поетеси твореа, Општината ги награди.Честитки!
113 години од раѓањето на Кочо Рацин, 77 години од работата на ООУ„Кочо Рацин“- Центар, Скопје
„БИДИ ЧОВЕК- ПОТТИКНИ ЕДНАКВОСТ“
Ова е мотото под кое нашето училиште свечено го прославува својот Патрон празник и оваа учебна година.
Иако сме среде пандемиски услови веќе две години, со низа активности организирани од креативни наставници и ученици го одбележуваме овој голем ден.
Истите течеа во континуитет изминатата недела кога целото училиште, секое одделение дишеше и живееше во духот на Рацин: учениците изработија повеќе паноа (проекти изложени во училишниот хол), твореа песни за Рацин, рецитираа Рацинова поезија, пееја песни за Рацин (училишниот хор).
Во рамките на Проектот од Општина Центар „Запознавање на културите на помалубројните заедници во Центар“, училиштето изготви краток филм за помалубројните заедници во училиштето. Во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието се одржа заедничка средба и работилница ООУ„Дитуриа“, општина Липково, со цел градење на блиски меѓукултурни врски, интеркултурно комуницирање на младите и зацврстување на темелот на транскултурната заедница.
Посебно освежување внесе и ликовната работилница насловена „Поттикни еднаквост“ во соработка со Здружението „Отворете ги прозорците“. Учениците изработија цртежи кои преку лицитација ќе бидат понудени на продажба. Целта е собирање средства за опремување на сензорна соба во училиштето. Ваквата просторија позитивно ќе влијае врз развојот, расположението и постигањата на учениците со посебни образовни потреби.
Нека ни е честит Денот на училиштето! Да бидеме луѓе, да поттикнеме еднаквост!
https://www.facebook.com/koco.racin.centar
На ден 30.08.2021 година, во ООУ “Кочо Рацин” – Скопје, се изврши ДДД- дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Опфатени беа сите простории во училиштето, со што почетокот на учебната година го започнуваме во целост подготвени.
Ива Глобочки – гордост на ООУ „Кочо Рацинг“
Ученичката Ива Глобочки од 8в во досегашното школување има учествувано на голем број натпревари, на кои има освоено и голем број на награди. Со самото тоа можеме да кажеме дека таа е гордост на училиштето, наш амбасадор на натпреварите во нашата земја. Тимот на наставници неуморно ја подржува во секој нејзин нов подвиг.
Нашиот ученик Павле Милошевски со освоено второ место на државниот натпревар по географија!
Голем успех на учениците од ООУ „Кочо Рацин“ на овогодинешните натпревари по географија, организирани и реализирани од Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.
На државниот натпревар одржан на 29.05.2021, ученикот Павле Милошевски го освои извонредното второ место во конкуренција на најдобрите географичари од основните училишта ширум државата.
Дека успехот не е случаен покажаа и ученичките Ема Бојаџиеска и Теа Белевска кои добија пофалници за учество на државниот натпревар, откако претходно успешно се справија со предизвиците на регионалниот и општинскиот натпревар, каде двете освоија трето место.
Честитки за сите ученици, не направивте горди! Вие сте нашето најголемо богатство и потврда за квалитетот на нашето училиште!!!
Резултати од натпревари:
Регионален натпревар по англиски јазик
Ментор: Билјана Црвенова
I – место
Ема Бојаџиевска 8а
Неда Илиева 8в
Јана Алексова 6б
Регионален натпревар по англиски јазик
Ментор: Катерина Музелова
I – место
Магдалена Гиевска 6в
Хана Марковска 7б
Невена Цветковска 7б
Нина Павковиќ 9а
III- место
Стефан Стоилов 9б
Резултати по Природни науки
Ментор: Јасмина Апостолова
Катја Календар 6в I- место
Фросина Марковска 6б II- место
Иван Смилевски 6а III- место
Калина Грашкоска 5а II- место
Војдан Стаменковски 5а III- место
Валентино Атанасовски 5в III- место
Ања Колевска 5б III- место
Симон Гранго 5б III- место
Регионален натпревар по физика
Ментор: Катица М.Христовска
I место:
Горјан Календар 8в
Васко Чочанчески 8в
II место
Исак Љубенски 8а
III место
Никола Мишоски 8а
Софија Илковска 8а
Матеј Николовски 8б
Пофалница:
Павле Милошевски 8а
Општински натпревар по биологија
Ментор: Ирина Шорева
II награда
Ива Глобочки 8в
Исак Љубенски 8а
III награда
Деа Авдиу 8а
Јана Ханџиска 8в
Учество
Огнен Николовски 8в
Пофалници
Нина Павкович 9а
Катја Тодоровска 9б
Учество
Лола Бундалеска 9б
Ева Башоска 9б
Стефан Стоилов 9б
Резултати од општински натпревари:
Англиски јазик – I место
- Магдалена Гиевска 6в
- Хана Марковска 7б
- Невена Цветкова 7б
- Стефан Стоилов 9б
- Нина Павковиќ 9а
- Јана Алексова
Англиски јазик – II место
- Ема Бојаџиевска
- Неда Илиева
Географија – III место
- Ема Бојаџиевска 8а
- Теа Белевска 8б
Географија – пласман на регионален натпревар
- Павле Милошевски 8а
Математика – I место
- Адријан Арменски 6а
- Луна Блажевски 9б
- Исак Љубенски 8а
- Горјан Календар 8в
- Ангела Стефановска 7б
Математика – II место
- Магдалена Гиевска 6в
- Ана Николовска 9б
- Олга Јаневска 8б
- Никола Ѓурчилов 7б
- Ѓорѓи Трајковски 7б
- Матеја Сандевска 7а
Математика – III место
- Невена Цветкова 7б
- Катја Тодоровска 9б
- Ана Сандевска 9б
- Лола Бундалеска 9б
Математика – Пофалница
- Андрија Петровиќ 6в
Математика – Регионален натпревар I место
- Горјан Календар 8в
- Андријан Арменски 6а
- Магдалена Гиевска 6в
Математика – Регионален натпревар II место
- Ангела Стефановска 7б
- Горги Трајковски 7б
Математика – Регионален натпревар III место
- Матеја Сандевска 7а
Математика – Регионален натпревар пофалница
- Олга Јаневска 8б
- Никола Ѓурчинов 7б
- Андрија Петровиќ 6в
Горјан Вукиќевиќ ученик во VI-в одделние кај класната Менка Трепалковска, е освоувач на трето место во тенис (категорија за деца до 11 години) во организација на Македонска Тениска Федерација.
Покрај ова постигнување има учествувано на 10 турнири и на кои има постигнато значителни резултати, меѓу кои: 1/4 финале на U14;1/2 финале на U12; две 2ри места и 1во место во двојки U11 Cherry Cup; 1во место U11 Rotary Cup.
Горјан Вукиќевиќ ученик во VI-в одделние кај класната Менка Трепалковска, е освоувач на трето место во тенис (категорија за деца до 11 години) во организација на Македонска Тениска Федерација.
Покрај ова постигнување има учествувано на 10 турнири и на кои има постигнато значителни резултати, меѓу кои: 1/4 финале на U14;1/2 финале на U12; две 2ри места и 1во место во двојки U11 Cherry Cup; 1во место U11 Rotary Cup.
Нашиот ученик Лука Јанев од 8б одделение е освојувач на меѓународен бронзен како и државен златен и сребрен медал
Д**** Новогодишна работилница на 4а *****
I-a одделение
Денес му оддаваме почит на нашиот патрон Кочо Рацин, човек, поет и борец чие име со гордост го носи нашето училиште цели 76 години. Бележиме 112 години од неговото раѓање и 81 година од печатењето на “Бели мугри”
Нека му е вечна слава!
(Фото) Литературен конкурс „Моето детство во пандемија“
По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари, Општина Центар распиша литературен конкурс за учениците од основните училишта во Центар на тема „Моето детство во пандемија“.
Идејата за овој конкурс беше инспирирана од глобалната здравствена криза со коронавирусот и нејзиното влијание врз психолошката состојба кај учениците и промените во нивното однесување. На конкурсот Учествуваа учениците од сите осум општински училишта во Центар, односно, учениците од одделенска настава од трето до петто одделение и учениците кои посетуваат предметна настава.
Првонаградени ученици на литературниот конкурс по повеод меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на тема „Моето детство во пандемија“. се следните:
1. ОД III до V одделение
Дарија Илиевска од IV 6 одделение
2. од шесто до деветто оделение
Јована Филиповска од VIII 6 одделение
(Фото) Училиштaтa ги oтвopиja вpaтитe: Пpвaчињaтa ги зaпoзнaa yчитeлкитe и дoбиja книги
Основните училишта во земјава кои добија дозвола од Министерство за образование за одржување на наставата со физичко присуство, вчера ги отворија вратите за првачињата.
Детскиот жагор, радост, пресреќни родители… ги исполнија дворовите на училиштата. Прва средба со ново поглавје во животот, прв училишен чекор, насмевки, измешани емоции, па дури и солзи. Учителките ги пречекаа првачињата во дворовите на училиштата со запазување на сите протоколи предвидени за справување со коронавирусот.
Учебната година , официјално започнува за некој ден, поточно на 1 октомври, со физичко присуство на децата од прво до трето одделение. Но, секако дека највозбудени беа првачињата кои вчера беа повикани во училиштата да се запознаат со учителките, другарчињата со кои за некој ден ќе ја делат училишната клупа под нови корона услови.
Освен убави желби за среќен почеток на училишните денови, здравје и среќа, првачињата од своите учителки добија и книги.
Превземено од Инфомакс
Драги родители и ученици,
Сакаме да Ве известиме дека наставата по странски јазици во „Филос“ ќе започне на 16-ти септември, среда.
Наставата воглавно ќе се одвива онлајн на современа Microsoft платформа која ги исполнува сите педагошки и методолошки наставни норми. Во меѓувреме ќе ги следиме советите на ИЈЗ и МОН за физичко присуство на наставата.
Нашето училиште е едно од најреномираните приватни училишта во Македонија со 25 годишно искуство во наставата по странски јазици. Огромниот број на ученици и успех во меѓународно признаени дипломи зборува за нашиот квалитет. Ние изминатиот период го искористивме во обуки и подготовки за новата учебна година во која сме подготвени за секаков вид на настава.
Во „Филос“ ќе имате можност да изучувате англиски, германски, италијански, француски, шпански и албански јазик.
Уписите за курсевите по странски јазици се отворени и ќе траат до 15-ти септември. Побрзајте и пополнете ја пријавата за регистрација на https://filos.com.mk/ затоа што групите веќе се формираат.
Исто така, во наредниов период во нашето училиште ќе се врши делење на ланските дипломи како и книгите за новата учебна година.
За повеќе информации обратете се на:
*078/278-949
*077/726-931
а.popovik@yahoo.com
tijana.popovikj@hotmail.com
Ве очекуваме,
Филос
Помалку тестови, исти критериуми за сите ученици, учебници по секој предмет – што би смениле првенците на генерација во основните школи
Посакувам во иднина критериумите на наставниците да бидат исти за сите ученици, без оглед на нивната материјална состојба, роднинските врски, партиската определба на нивното семејство и ред други работи. Наставниците ги разочаруваат учениците кои вложуваат труд во учењето и ја потиснуваат нашата амбиција, вели Елена Павловска, првенец на генерација во училиштето „Ванчо Китанов“ во Пехчево
Исти критериуми за сите ученици, помалку тестови, учебници по секој предмет – еве што би смениле првенците на генерација во основните училишта. Тие се децата со кои секој наставник би се гордеел. Активни на натпревари, по активности, секции. Учењето не им претставува проблем на овие ученици. Сега, откако веќе се поздравија со своите соученици и наставници и со една нога се во нивните нови училишта што ги избрале за средното образование, им дадовме магично стапче да ни кажат што би смениле кога би можеле во основното образование во Македонија.
Елена Павловска
– Искрено, посакувам во иднина критериумите на наставниците да бидат исти за сите ученици, без оглед на нивната материјална состојба, роднинските врски, партиската определба на нивното семејство и ред други работи. Револтирана сум што наставниците не го пишуваат во дневник тоа што го зборуваат на час. Тие ги разочаруваат учениците кои вложуваат труд во учењето и ја потиснуваат нашата амбиција. Ги наградуваат учениците што лежерно си ја поминуваат годината – вели Елена Павловска, која заврши во Основното училиште „Ванчо Китанов“ од Пехчево.
Таа вели дека многу ѝ значи што е избрана за ученик на генерацијата бидејќи со тоа се вреднуваат нејзиниот труд и знаење. Омилени предмети во кои се натпреварувала ѝ се: биологија, математика, географија, англиски, природни науки.
– Сакам моето образование да го продолжам во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.
Ева Јакимовска
Ева Јакимовска, која беше прогласена за најдобра ученичка во ОУ „Стив Наумов“ – Скопје, смета дека сите основни училишта треба да имаат исти услови за работа за да бидат задоволни сите вработени во училиштата, а и учениците.
– Сите сме запознаени со ситуацијата на недостиг на учебници по предмети каде што има нова програма и се чекаат изминативе неколку години. По завршетокот на учебната година 2019/2020 тие сѐ уште не се пристигнати. На овој начин, без учебници, покомплициран е процесот на учење – дополнува таа.
Признанието што го добила ќе ѝ помогне при запишувањето на средното образование, кое посакува да го продолжи во скопската гимназија „Орце Николов“, во англиската меѓународна паралелка, зашто посакува во иднина да студира во странство.
– Во текот на изминатите години се трудев да го дадам максимумот од себе. Да, учествував на натпревари по предметите кои повеќе ме привлекуваа и поттикнуваа желба за дознавање дополнителни информации. Но, не се само освоените места од натпреварите. Се зема предвид и учеството во училишниот живот, како проекти поддржани од Општина Гази Баба, Градот Скопје, МОН, дури и од меѓународни институции – вели Ева.
Лилјана Ноткова
Кога би можела, би направила паралелки за надарени и талентирани ученици со цел да се задоволат нивните потреби за поголеми знаења и истражувања, вели Лилјана Ноткова, првенец на генерација во ОУ „Страшо Пинџур“ во Неготино.
Признанието ѝ е мотив за поголема посветеност во понатамошното образование. Лилјана најмногу била посветена во областа на јазиците, но има посебен интерес кон математиката и максимално се залагала за сите други предмети. Таа планира да се запише во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино, на Природно-математичка насока.
Прво место на државен натпревар по англиски јазик, трето место на „Месец на науката“ од областа на хемијата, места на регионални натпревари по математика, француски, природни науки.
Илин Московски
Првенец на генерација во Основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје е Илин Московски.
Резултатите постигнати на натпреварите по физика и математика, како и на натпреварот „Месец на науката“, заедно со одличниот успех сите години го направија Илин најдобар во своето училиште.
Тој посакува промени во програмата за настава и тоа по предметите математика, физика и информатика.
– Сметам дека промената кон „Кембриџ“ направи повеќе штета отколку подобрување. Покрај тоа, предметот информатика не може да држи чекор со развивањето на областа, а особено не со сегашните учебници – смета Илин.
Михаил Јанакиевски
Во основното образование повеќе е застапена теоријата, вели Михаил Јанакиевски, еден од тројцата првенци на генерација во школото „Даме Груев“ во Битола.
– Посакувам да имавме повеќе практични вежби, кои, за жал, кај нас практично ги нема. Повеќе проекти со дружење помеѓу училиштата и учениците, како и учениците и граѓаните. Знам и сигурен сум дека преку практичните вежби најмногу се учи и тие ќе ни користат во секојдневниот живот, во понатамошното образование, како и за зајакнување на нашата самодоверба – смета Михаил.
Тој може да се пофали со иноваторство. Беше дел од тимот составен од тројца ученици што измислија „Паметни венецијанери“, за што добија диплома од програмата „IP SHIFT“ на УНИЦЕФ, а истовремено и награден проект од Фондот за иновации.
– Имам и сопствен проект наречен ,,Електронски сончоглед“ со кој настапив на „Месец на науката“, манифестација организирана од Друштвото на физичари, а годинава ја освоив првата награда на меѓународниот натпревар за наука наречен STEM. Во моето основно образование се здобив со 29 дипломи и сертификати во полето на информатиката, математиката, природните науки и странските јазици. Паралелно со учењето членував и во кошаркарскиот тим „Младост“ од Битола, а настапував со моите соученици и на натпревари во кошарка, ракомет и фудбал – вели Михаил.
Тој ќе се запише во средното техничко „Ѓорги Наумов“ во Битола, на насоката компјутерска техника и автоматика.
Лука Георгиевски
Да има помалку наставни листови, тестови и испрашувања. Образованието да биде пофлексибилно во смисла стекнатите знаења да се применуваат во настава во природа, да можат учениците да се стекнуваат самостојно со нови идеи како што е тренд во развиените земји во светот, тоа им го посакува на идните генерации Лука Георгиевски, првенец на генерација од ОУ „Климент Охридски“ од Прилеп.
– Ми значи признанието. Со тоа целиот труд што го вложив во моето деветгодишно образование е признаен и награден, а тоа прави да бидам горд сам на себе. Природните науки и англискиот јазик имаат најголем придонес. Имам учествувано на многу натпревари по биологија, хемија, англиски јазик и имам освоено многу награди и сите ми се драги. Голем придонес за успехот имаат и училишните активности, како: екопатрола, одделенски претседател, учество во проекти, Фонд за иновации, Црвен крст, спортски натпревари и, секако, одличниот успех – вели Лука.
Средното образование ќе го продолжи во гимназијата „Мирче Ацев“ во својот роден град.
РАЗВОЈОТ НА ГОВОР КАЈ ДЕЦАТА: КОГА ДЕТЕТО ТРЕБА ДА ПРОГОВОРИ И КАКО ТРЕБА ДА СЕ СЛЕДИ – ДЕФЕКТОЛОГ ТАТЈАНА БАГЕСКА
Често пати родителите се загрижени ако говорот кај нивните деца не е развиен во потполност или ако детето сеуште не ги прозборело првите зборови, а веќе е време за нив. Стручните работници велат дека загрижувачки е дури тогаш ако детето не ги кажува првите зборови до својата трета година. Говорот е средство за комуникација помеѓу луѓето. Тој е еден облик на јазик во кој се употребуваат артикулирани звуци и зборови за да се споделат мислите и чувствата. За нормален говорен развој потребно е низа органски, психички и социјални причинители. Органските предуслови за развој на говорот се: формиран говорен апарат, добар слух, морфолошко и функционално созревање на мозочната кора. Како најважни психички фактори, кои директно се поврзани со развој на говорот , истражувачите ги наведуваат: развојот на внимание, претстава, учење, мислење и способности кои се во взаемна врска со говорот и емоционалната стабилност. Како најважни социјални чинители се: социјалниот говорен причинител кој е близок на детето и стимулира имитација, говорна културна средина, севкупната активност на детето и неговите доживувања.
Развојни фази на говорот
Прелингвистичка фаза е развојно првата фаза во говорниот развој, која покрај раното внимание разбирање на говор, го вклучува и плачењето, вокализација, брборењето и случајното имитирање на гласови без разбирање на нивното значење.
Лингвистичка фаза е фаза кога се јавуваат првите зборови, и како расте детето така доаѓа и до растење и зголемување на неговиот речник, за да на крајот достигне до развој на реченици. Во литературата се сретнува дека постојат два скока во развој на речникот, првиот се јавува на возраст од 16-20 месеци, а другиот на возраст од 24-36 месеци. Повеќе од 55% од детскиот говор го сочинуваат именки, заменки и глаголи.
Фонолошкиот развој во раните години постепено се развива. Детето развива особини на говор (акцент, интонација, ритам,…) се додека не стане способно да разбира само и да создаде варијација на свој мајчин говор. Во оваа фаза е забележлив впечатокот на социјалната средина. Дете на возраст од 4-5 години, во фаза кога постојано поттикнува забрзан развој на говор, а истовреме завзема богато сознавање за светот кој ги опкружува, а со тоа и самите особини на говорот.
Развој на морфолошкиот и синтаксички систем, за учење на говорот не е доволно само усвојување на одреден број гласови или зборови, туку постојат структура и правила како да се формира реченица. Најпрво децата употребуваат еден збор кој ја означува целата реченица (телеграфски говор), а подоцна почнуваат да формираат сложени реченици. Децата на две годишна возраст разбираат општи прашања кои бараат одговор “да” или “не”, и специфични прашања кои почнуваат со “каде”, “кој”, “што”. Од третата година почнуваат да одговараат на прашањата “зошто”, “поради што”. Првите општи прашања кои децата ги поставуваат се : “Торбата на мама?” , додека првите специфични прашања се: “што” и“каде”.
Семантички развој подразбира развој на процесот на разбирање и создавање значење. Многу нови зборови и нивно значење детето ги усвојува со помош на родителите кои ги посочуваат и именуваат предметите.
Како да го стимулирате развојот на говор?
Детето на рана возраст повеќе разбира одколку што може да се изрази, затоа сме ние тука да го поттикнеме со стимулација развојот на говор и да направиме разлика помеѓу активен и пасивен фонд на зборови. Децата сакаат да повторуваат зборови иако понекогаш не ги разбираат. Најчесто нивното внимание можеме да го привлечеме со ритам. Токму поради тоа уште од бебешка доба се препорачува пеење различни песни и читање книги. Разговарајќи со детето го градиме и дополнуваме детското спознавање, а со тоа и го богатиме неговиот речник. Децата учат по пат на имитирање, учејќи по модел и затоа е важно да се вокализира (опише) се што правиме со детето, бидејќи тоа најдобро учи преку “живи” зборови.
Кога зборуваме за развој на говорот кај децата, мора да знаете дека разговорот е клучен во стимулација на развојот. Студиите кои се прават последниве години наместо значењето на развојот го нагласуваат начинот како комуницираме со детето. Не е поентата да се користат долги, сложени зборови или да се даваат картички кои детето само ќе ги именува, туку целта е навистина да се разговара со детето, на тој начин што ќе покажеме почит и ќе ги менуваме улогите на говорник и слушател.
Многу е важно кога разговараме со детето, да почекаме одговор и да бидеме и ние активни слушатели, не само да зборуваме, а детето да биде тоа кое слуша.
Разговорот не треба да биде само слушање и зборување, туку тој помага и во развојот на рецептивниот говор, односно детето да го разбере тоа што другиот му го зборува. Во самиот разговор многу е важно да воспоставите зедничко внимание со детето и емоционално да се поврзете. Гласот на мајката секогаш ќе биде нај јакото средство за стимулација на развојот од било кој друг модерен апарат на високата технологија, како што за малку поголемите деца играта со нивните врсници или возрасни е значајна.
“Можете да го поплавите од зборови во лице детето, но ако не се дружите со него и не водите разговор (размена на информации говорник – слушател) за тоа што детето го интересира, нема да можете да му пружите говорно – јазички модел за обработка која им е потребна за развој”, Golinkoff (2018).
Децата нe бараат критика, туку конекција.
Покрај разговорите кои ги водите со децата, многу е важно да читате со нив, самото читање приказни може да го направите да биде прекрасен ритуал пред спиење (или некој друг период во текот на денот) кога заедно бирате книга, читате и разговарате за прочитаното. И не заборавајте дека секое учење, па и учењето на говорот е најлесно да се учи низ игра. Децата би требало да ги учиме како да мислат, а не што да мислат. Покрај советите што повеќе да им читате на Вашите деца и разговарате ( зборувате пред нив), и гледањето ТВ да го сведете на минимум. Секако дека постојат и одредени вежби кои помагаат во развојот на говор, кои е многу важно правилно да се прават и тоа кога детето е одморено. Вежбите се организираат така за да бидат интересни за децата – низ игра, од страна на стручни лица. Секогаш слушајте како Вашето дете изговара одредени гласови или зборови и корегирајте го ако ги изговара погрешно. Немојте никогаш да зборувате бебешки со нив, колку и да Ви е тоа мило или на другите. Настојувајте да го гледате во очи кога му се обраќате и зборувајте секогаш јасно и разбирливо за нивната возраст. Исто така пофалете ги секогаш кога правилно ќе изговорат. На децата прво треба да им покажеме а потоа да им кажеме што треба да направат.
Пишува: Дефектолог – Татјана Багеска
Драги наши ученици и родители,
Владата на Република Северна Македонија усвои сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем во услови на пандемија, меѓу кои:
👫 Учениците од основните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!
📚 Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома!
🖊 Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни!
Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години
Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, ги известуваме сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно 4 одделение), продолжуваат да важат и по 24 март 2020 година, односно нивната важност се продолжува до завршување на вонредната состојба.
Истото се однесува и на вработените со хронични состојби и бремени жени, кои се опфатени со мерките.
Јавното здравје е заедничка одговорност, само заеднички можеме да се заштитиме, апелираме сите да ги почитуваат препораките.
Во прилог извадок од Службен весник
Кликни тука
Водич за деца за новиот Корона Вирус
Кликни Тука
Во Влада на Република Северна Македонија се одржа настан по повод потпишување на договорите за 34 проекти на основни и средни училишта кои беа наградени во рамките на Програмата „Предизвик за млади истражувачи 2“ на ФИТР и на Министерство за образование и наука.
Со вкупен фонд од 6 милиони денари и дополнителни 30.000 денари за менторите на учениците кои се дел од овој проект оваа година се стимулира креативноста и се отвора нова димензија и за основците и за средношколците.
„Градејќи се себеси како лидери и остварувајќи ги своите соништа тука, дома, младите луѓе ја градат и економската иднина на нашата земја, Северна Македонија. Нам ни се потребни млади истражувачи и Ви благодарам почитувани професори и ментори што го препознавате и развивате нивниот креативен потенцијал“, додаде Заев.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски при церемонијата истакна дека ФИТР веќе втора година реализира Предизвик за млади истражувачи. „Со над 10 милиони денари поддржуваме проекти на 54 основни и средни училишта од цела земја во кои над 300 ученици и 130 ментори работат на истражувачки проекти од различни области. Секој којшто ги гледа овие млади деца со право може да каже сериозна држава каква што сакаме да бидеме и настојуваме да станеме мора да обезбеди поддршка за нив“, додаде Деспотовски.
ООУ „Кочо Рацин“ ја започнува новата учебна година со комплетно обновено спортско игралиште. Со денешното асфалтирање ја завршуваме реконструкцијата на игралиштето на кое се поставуваат и нови спортски реквизити и нова заштитна ограда.
Игралиштето е наменето за спорт и рекреација на учениците, но и за сите рекреативци и љубители на спортот.
Чествување на 76 годишнината од смртта на револуционерот, поетот и борец Коста Солев Рацин.
Оваа година бележиме уште еден значаен јубилеј, 80 години од печатењето на неговата најзначајна стихозбирка „Бели Мугри“.
ООУ„ Кочо Рацин“ – Скопје, Центар е добитник на средства за реализација на научно истражувачки проект одобрен од Фондот за иновации и технолошки развој и МОН. Нашиот проект H2O Coligo- е препознаен од страна на комисијата и вреднуван со високи оценки како проект кој ќе овозможи вклучување на учениците во научно истражувачките активности и негово имплементирање во училиштето и локалната заедница.
Ментори: Катица Митовска-Христовска и Јасмина Апостолова
Учесници: Марио Блажевски, Леон Гештаковски, Илин Московски, Ива Глобочки и Александар Ангеловски.
Трето одделенците од ООУ „Кочо Рацин” –Скопје, Центар се добитници на средства за реализација на проектот „Компостирање во училиште за здрава животна средина” одобрен од Фонд за иновации и технолошки развој.
Предизвик ни е со нашиот истражувачки проект да придонесеме за заштита на животната средина и здравјето на младата популација!
Нашето мото „Тоа што ќе се земе од природата – треба и да се врати”.
Координатори на проектот: Билјана Билбиловска и Ана Накова.
На 05.06.19 во салата на Работнички, во Градскиот парк се одигра финалниот натпревар во кошарка каде нашите ученици од IX -то одделение го освоија ПРВОТО место.Честитки за учениците и секако за нашиот наставник Горан Ѓорѓиевски.
Посебно сме горди на Горазд Попов – најдобар фудбалер на Општина Центар
Петар Башовски – најдобар кошаркар на Општина Центар.
Во финалниот турнир во шах, во рамки на проектот „ Ученички спортски игри-лига Центар 19“, во коj ученици од I-во до IX-то одделение се натпреваруваа по Швајцарски систем јужнословенска кружна варијанта, согласно правилата на Светската шаховска федерација, ГЕОРГ ФАРМАКОСКИ го освои ПРВОТО МЕСТО во групата од VI-то до IX-то одделение. Уште еден голем успех за ООУ „Кочо Рацин“- Скопје.
Нашата ученичка Ана Сандевска од VII – б одделение, од Федерација на гимнастички спортови и Агенција за млади и спорт / Влада на Република Северна Македонија е избрана во категорија на спортист – СПОРТСКА НАДЕЖ.Поради сите нејзини достигнувања и афирмација на спортската гимнастика доби БЛАГОДАРНИЦА која лично и ја додели премиерот Зоран Заев. ООУ “Кочо Рацин ” се гордее со успесите,
Браво Ана ❤
По повод доделувањето на 13 Ноемвриската награда доделена од град Скопје, на учениците:
1. Марија Гавриловиќ
2. Ведран Лауренчиќ
3. Софија Стојменова
4. Нена Гиевска
5. Мила Коцевска
6. Петар Тодоровски
кои направија хумано дело, спасија човечки живот, гостуваа во радио емисија на Македонско Радио на 12.11.2018 година.
42 Школа на „Млади физичари“ – Прво место
Во рамките на Ноември- месец на науката се одржа и 42 Школа на млади физичари под мотото „ Во светот на физиката“ во организација на ДФРМ.
На овој настан со своја демонстрација учество земаа учениците Илин Московски и Марио Блажевски под менторство на наставникот по физика Катица Митовска Христовска.
Со својата демонстрација учениците беа атракција за публиката, ја воодушевија комисијата и освоија Прво место.
Рефлектирачки мечиња за побезбедни првачиња
На 13.септември компанијата ОКТА започна акција за доделување рефлектички привезоци на сите првачиња на територијата на Скопје. Донацијата стартуваше во нашето училиште ООУ„Кочо Рацин“- Скопје, а ќе продолжи во преостанатите 78 основни училишта. Оваа активност е дел од кампањата за поголема безбедност во сообраќајот „ Јас внимавам“.
И оваа година безбедноста во сообраќајот е една од главните теми на кои е посветена одговорната стратегија на ОКТА. Имајќи предвид дека децата се најранлива категорија на учесниците во сообраќајот, годинава продолжуваме со активности кои повторно фокусот ги имаат најмалите. Веруваме дека со употреба на овие рефлектирачки привезоци, ќе придонесиме за нивна поголема видливост, а со тоа и поголема безбедност во сообраќајот“ – изјави Јанис Гаруланос, Главенизвршен директор на ОКТА.
Креативните рефлектирачки привезоци во форма на мечиња, лесно може да се аплицираат на облеката или ранецот на учениците,со одбивање на светлината од фаровите на автомобилите, ги прави децата повидливи при ноќно движење. Едноставни се за користење и на лесен и ненаметлив начин се прикачуваат без какво било оптоварување – изјави претставникот од МВР.
Донацијата на рефлектирачки привезоци е навистина вредна затоа што ги опфаќа сите првачиња на територијата на Град Скопје. Таа е оспбено важна за нас како општина, со оглед на тоа што најголем дел од основните училишта во Центар се лоцирани на прометни сообраќајници – изјави Саша Богдановиќ, градоначалник на о.Центар.
Кампањата „Јас внимавам“ минатата година ја доби наградата за Најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.