- Наставата започнува во 8 часот, а завршува во 13,25 часот за учениците од предметна настава, додека за учениците од одделенска настава , завршува во 15,00 часот.
- Во училиштето за учениците од целодневна настава е организирано прифаќање и згрижување на учениците од страна на дежурен наставник , во временски период од 16,00 до 17,00 часот.
- Учениците да доаѓаат во училиште 10 минути пред почетокот на часот.
- Учениците го напуштат училиштето по завршувањето на наставата и не се задржуваат во училишните простории.
- Учениците внимателно да ја следат наставата, активно да учествуваат на часот, редовно да носат училишен прибор и да ги изготвуваат домашните задачи.
- За време на одморите, учениците се однесуваат пристојно, без непотребно задржување во ходниците.
- Помеѓу вториот и третиот час, учениците имаат голем одмор , кој се користи за ужинка и релаксација, а се одвива во училишниот двор. Доколку временските услови се неповолни, учениците остануваат во училница, почитувајќи го редот и мирот во училиштето.
- За време на часовите, мобилните телефони се исклучуваат.
- Учениците се грижат и го чуваат училишниот инвентар.
- Секое намерно уништување на училишниот инвентар, го надоместува ученикот т.е. родителот на ученикот .
- За безбедноста на учениците во училиштето , се грижат наставниците и другите вработени, како и лице од Агенција за обезбедување.
ПОЧИТУВАЊЕТО НА КУЌНИОТ РЕД ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОГОЛЕМА ХАРМОНИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО