Logo

Основно училиште

„Кочо Рацин“ – Центар, Скопје

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ „КОЧО РАЦИН“- СКОПЈЕ

  • Учениците се обврзуваат да го почитуваат Кодексот на однесување како во училиштето, така и насекаде каде што учествуваат како претставници на училиштето.
  • Ученикот е должен редовно да ја посетува наставата, да го носи училишниот прибор и да ги извршува училишните обврски и задачи (за време на часовите и дома).
  • Ученикот е должен да биде во училница пред sвонење на час и пред наставникот.
  • Ученикот е должен да го почитува времетраењето на наставниот час како и времетраењето на одморите.
  • Ученикот е должен да ги подготви учебниците, тетратките и приборот неопходен за час, пред почетокот на часот.
  • За време на час, ученикот со своето однесување треба да придонесе за позитивна работна атмосфера.
  • Во училиштето не се дозволуваат однесувања што ги попречуваат нормалното одвивање на часовите, разговор на час, расправии на час, неносење на прибор.
  • Во случај да задоцни, ученикот е должен да се извини и да ги наведе причините за доцнење.
  • Учениците се должни кога доаѓаат во училиште и во текот на денот, да ги поздравуваат сите вработени во училиштето при првата средба со поздрав „ Добро утро“ и „Добар ден“.
  • Учениците се должни да го поздравуваат наставникот или било која друга личност кога влегува во училница со поздрав.
  • Учениците се должни да се однесуваат пристојно и културно кон наставниците, директорот, техничкиот персонал, како и кон другите ученици.
  • Во училиштето нема да се толерира било каков вид на несоодветно однесување (како што се непристојни забелешки, навреди, заканување, омаловажување).
  • Речникот кој го користат учениците во училиштето, мора да соодветствува на ликот на примерен ученик и да е карактеристичен за установата во која се воспитува и образува.
  • Учениците треба да се трудат да развиваат другарски и пријателски односи со другите ученици и коректно да се однесуваат.
  • Ниту еден ученик нема право да го загрозува вербално и физички интегритетот и достоинството на другите- како во училиштето, така и надвор од него.
  • Ученикот е должен да го чува училишниот имот и инвентар.
  • Неодговорно и деструктивно однесување кон училишниот инвентар ( пишување на зборови и слики, гребење на клупите и столовите, уништување на компјутерската опрема и сл. - не се дозволуваат)
  • Ученикот треба одговорно да се однесува кон училишниот прибор и личните работи на другите ученици.
  • Неодговорен однос кон училишниот прибор на другите ученици како што се учиштување, позајмување без дозвола, крадење- не се дозволуваат.
  • Доколку ученикот го уништи или оштети училишниот инвентар, како и училишниот прибор (лични работи) на друг ученик, должен е сам да ја надокнади направената штета.
  • Учениците се должни да се грижат за хигиената во училницата и надвор од неа (ходници, тоалети, училишен двор, фискултурна сала, спортски терени и сл.)
  • Ученикот е должен отпадокот од било каков вид (шишиња, лименки, храна) да го остава на соодветно место, во корпа или канта за отпадоци, како во училиштето, така и во училишниот двор.
  • Учениците во училиште треба да доаѓаат во чиста и уредна гардероба.
  • Учениците се должни да имаат чисти и уредни фризури. Фарбани коси кај ученици не се толерираат.
  • На учениците не им е дозволено носење на впечатлив накит. Дискретен накит (ланче, обетка, прстен) се смета за личен стил. Носењето на скапоцени предмети е на лична одговорност. Училиштето не сноси одговорност за исчезнување на истите.
  • Доколку учениците носат мобилни телефони, истите треба соодветно и правилно да ги користат за време на престој во училиштето. Носењето на мобилни телефони е на лична одговорност. Училиштето не сноси одговорност за исчезнување на истите.
  • Најстрого се забранува внесување на петарди, запалки, кибрит, предмети со остри сечива или убодни предмети со кои би можеле да повредат ученик и да ја загрозат општата безбедност.
  • Во училиштето се забранува од страна на учениците да цртаат графити по sидовите на училишната зграда и во сите делови на училишната средина.

Скопје

ООУ Кочо Рацин, Скопје

 

Корисни линкови