Logo

Основно училиште

„Кочо Рацин“ – Центар, Скопје

 

Кодекс на однесување на наставниците

 

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО ОУ "КОЧО РАЦИН" СКОПЈЕ

Овој кодекс ги содржи и утврдува општите и основните морални норми и принципи на професионално однесување на наставниците - просветни работници. Тоа се оние норми, правила и обврски кои секој наставник треба да ги почитува и од кои треба да се раководи. Кодексот треба да претставува грижа и обврска на секој наставник, на секој воспитно-образовен колектив, како и на сите одговорни фактори во сферата на воспитанието и образованието.

Основна и општа задача на наставниците - просветни работници, е да ги подготвува младите генерации за активен и конструктивен општествен живот. Тие кај младите треба да формираат и развиваат такви интелектуални, морални, естетски, хумани, професионални и други особини кои се неопходни за современо демократско општество, а кои претставуваат и општо цивилизациски вредности.

Таа своја задача наставниците успешно ќе ја реализираат доколку самите претставуваат личности кои ги поседуваат нужните стручно-педагошки и општествено морални квалитети, доколку при вршењето на својата работа водат сметка за своите професинални и морални норми и принципи.

ОДНОС КОН РАБОТАТА

  • Навремено доаѓање на работа
  • Навремено влегување на час
  • Почитување времетраењето на часот
  • Навремено извршување на зададени задачи
  • Излегување од час само во исклучителни ситуации,по потреба
  • Навремено најавување на отсуство од работа
  • Редовно и одговорно обавување на дежурството во училиштето
  • Уредно и навремено водење на педагошката евиденција и документација

OДНОСОТ НА НАСТАВНИКОТ КОН УЧЕНИЦИТЕ

  • Наставникот кон учениците се однесува како кон субјекти и соработници и во никој случај не смее да ги омаловажува или навредува, односно да применува постапки кои не се во духот на современите педагошки сваќања и барања
  • Во воспитно-образовната работа да ја поттикнува и негува самостојноста, критичноста и индивудуалноста на учениците
  • Во односот со учениците, постојано да биде праведен и хуман, објективен и непристрасен, одмерен и доследен
  • Наставникот не прави никакви разлики поради пол, националноста, раса, верска припадност, економска положба, политичка определеност и сл.
  • Наставникот не се служи со заплашување, заканување, уцени и други форми на негативно однесување
  • Наставникот со личен пример и со сите средства се бори против причинителите на болестите на зависност и другите негативни појави: дрога, алкохол, пушење и сл.
  • Секој наставник бара од своите ученици уредно, пристојно и културно однесување во училиштето или надвор од него и да реагира со укажување
  • Меѓу учениците постојано да гради односи на другарство, меѓусебно разбирање, соработка и почитување
  • Наставникот го ислушува секој ученик кој ќе му се обрати за помош, му помага во решавањето на личните проблеми или го упатува на стручна помош во училиштето или надвор од него
  • Секој наставник се грижи за својот изглед и за своето однесување, се грижи неговиот јазик да биде литературен, јасен, достапен и достоинствен
  • Наставникот соработува со родителите на учениците и се грижи таа соработка да биде што поефикасна

Секој одделенски раководител-наставник води грижа за учениците од својата паралелка, особено за:

  • Безбедноста на учениците за време на часовите и училишниот двор
  • Здравствената состојба и физичкиот развој на учениците
  • Пружање на помош во адаптацијата на учениците во училишната средина
  • Стварање на позитивна клима во паралелката, создавање атмосфера на опуштеност и на взаемно почитување, а не влевање на страв
  • Собирање на важни податоци за учениците ( од родителите, наставниците, педагог, психолог, лекар)
  • Систематско бележење на податоци за развојот и напредувањето на учениците
  • Следење однесувањето на учениците во училиште и надвор од него
  • Избор на најсоодветни педагошки решенија кои во најголем степен ќе го поттикнат индивидуалниот развој на секој ученик
  • Применува советодавна работа во решавањето на училишните проблем и решавање на конкретните проблеми во паралелката
  • Има подеднаков однос кон сите ученици , без оглед на нивниот успех, пол, социјален статус, потекло или однесување

ЗАДАЧИ НА ОДДЕЛЕНКИОТ РАКОВОДИТЕЛ/ НАСТАВНИК , ВО ОДНОС НА СОРАБОТКАТА СО РОДИТЕЛИТЕ

Наставникот е должен да соработува со родителите на учениците и да се грижи таа соработка да биде поефикасна. Поконкретно:

  • Да го поттикнува интересот и ангажирањето на родителите во решавањето на проблемите на учениците, а за прашањата од личниот и семејниот живот да се грижи за потполна дискреција
  • Да ги запознае родителите и собере неопходни податоци за ученикот( податоци за карактеристичнифизичкиот, интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците, сознанија за нивните интереси и потреби, запознавање на семејната состојба и условите за работа на учениците и сл.)
  • Да воспоставува почести контакти со родителите
  • Навремено и редовно да ги информира родителите за напредокот на нивните деца ( успех, поведение, редовност и друго) како и за нивните обврски во училиштето
  • Да реализира редовни родителски состаноци, а по потреба да свикува и вонредни
  • Да ги поттикнува родителите на индивидуални контакти со другите наставници
  • Да ги информира родителите за важни активности во училиштето
  • Со целосно внимание и одговорност, како и со нужен педагошки такт да се однесува со оние родители кои не покажуваат нужен интерес за соработка, кои недоволно се грижат за односот на своите деца.

ЗАДАЧИ НА ДЕЖУРНИОТ НАСТАВНИК

  • Да води грижа за почитување на куќниот ред на училиштето од страна на учениците за време на одморите
  • Да го следи однесувањето на учениците за време на одморите
  • Да реагира и укажува за несоодветни однесувања од страна на учениците
  • Да пружа помош во разрешување на конфликтни ситуации помеѓу учениците
  • Навремено да ги информира одделенските раководители / наставници за однесувањето на учениците за време на одморите

 

Наставнички совет

ООУ "Кочо Рацин

Скопје     

 

Корисни линкови