КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИTE
Кодексот на однесување на родителите претставува збир на позначајни начела и принципи кон кои треба да се придружуват и истовремено да ги почитуваат родителите чии деца се ученици на ООУ “Кочо Рацин” – Скопје
Примената на Кодексот на однесување на родители е со цел да се даде позитивен пример на децата – ученици.
Основни начела и принципи
* Да го почитуваат куќниот ред и законските одредби на училиштето
* Да ја почитуваат хиерархијата во училиштето
* Со своето однесување да даваат позитивен пример на своите деца-ученици
* При посетите во училиштето да го почитуваат кодексот за пристојно облекување.
Соработка на родителите со наставниците
* Да соработуваат и активно да учествуваат во решавањето на проблемите со учениците во паралелката
* Да го подржуваат учењето на своите деца-ученици преку залагање за фер оценување
* Да се воздржат од активности кои неоправдано би го довеле нивното дете-ученик во повластена положба при оценување во однос со другите ученици
* Да ги почитуваат професионалните одлуки и совети на наставниците поврзани со нивните деца
* Да го почитуваат работното време на наставниците
* Да го почитуваат почетокот и крајот на часот и да не влегуваат на час
* Пристојно и со почит да се однесуваат кон наставниците и да негуваат коректен однос со нив
* Средбите со наставниците да ги реализираат на приемен час
* Да не влегуваат во училницата ни пред почетокот на часовите,ниту по завршување на часовите
* Да не се злоупотребуваат пријателските и роднинските врски при процесот на однесување и во целокупниот наставен процес
* Редовно и навремено да одговараат на повикот од наставниците или стручната служба на училиштето
* Да иницираат и по сопствена иницијатива да предлагаат мерки за унапредување на воспитно-образовниот процес во училиштето
* Навремено да го оправдуваат отсуството на своите деца-ученици
* Да не ја злоупотребуваат соработката со наставниците за подобар успех на своето дете-ученик
* Кај своите деца-ученици да ги препознаваат и попречуваат евентуалните обиди со недозволени постапки да добијат поповолни отценки од објективно утврдените
* Да не ги споредуваат резултатите и постигнувањата на сопственото дете ученик со неговите соученици
Родителски средби
* Редовно и задолжително присуство на родителските средби
* Почитување на времето и дневниот ред на родителските средби
* Земање на активно учество во дискусиите со конструктивни мислења и предлози,како и почитување и уважување на мислењата на останатите родители
* Почитување и примена на одлуките донесени на советот на родители
* Почитување на време траењето на родителската средба,да не се напушта пред нејзино завршување
Останато
* Навремено подмирување на финансиските обврски кон училиштето (исхрана, екскурзии и др.)
* Земање на активно учество и вклучување во хуманитарни и добротворни акции спроведени од страна на училиштето
* Вклучување во училишните активности и работилници
* Придонес за зголемена безбедност на учениците во училиштето и неговата непосредна околина
* При застанување и паркирање на своето возило да не ги попречуваат-блокираат влезовите на училиштето
* Воздржување од коментари (позитивни и негативни) пред детето-ученик за наставникот и за останатите служби во училиштето (педагог,психолог,директор...)
ООУ Кочо Рацин,Скопје ВД Директор
_______________
Гордана Јаневска