Нови признанија за нашите млади уметници и музичари!
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје се најдоа на ранг-листата на добитници на стипендии од областа на културата за талентирани ученици, за учебната 2026/2027 година, објавена од
Општина Центар - Скопје.
Нашите талентирани ученици се издвојуваат со одличниот успех, потврдените постигнувања и освоените дипломи во областа на музиката и уметноста.
- Јана Ивановска
- Ален Канзо
- Алексеј Јаневски
- Моника Стоилковска
- Илина Славковска
- Александра Миновска
- Софија Ковачевски
- Каја Сапунџиева
Исто така и ученикот Томо Поповски освои второ место на ликовниот конкурс, во организација на општината.
Горди сме на нивниот труд, посветеност и талент! Им посакуваме уште многу успеси, нови признанија и остварени соништа.