Logo

Основно училиште

„Кочо Рацин“ – Центар, Скопје

 

Учиме од минатото - го градиме идното!

 

УЧИМЕ ОД МИНАТОТО – ГО ГРАДИМЕ ИДНОТО!


Учениците од IV-В одделение, заедно со одделенските наставнички Катерина Вукашиновски и Билјана Миловановска, го посетија Музејот на современата борба за самостојност, во рамки на наставната тема „Животот во минатото“.
Преку разгледување на музејските поставки, учениците имаа можност да се запознаат со значајни историски настани, предмети и сведоштва кои го прикажуваат животот во минатото и борбата за самостојност на нашата татковина.
Посетата беше можност за учење надвор од училницата, поттикнување на љубопитноста и развивање на почитта кон нашето историско и културно наследство.
Минатото нè учи, знаењето нè води, а љубовта кон татковината нè обединува!

 

Корисни линкови