Logo

Основно училиште

„Кочо Рацин“ – Центар, Скопје

 

Спортски успех на „Феникс куп“

 
 
 
По повод одбележувањето на 50 години од постоењето на Општина Центар - Скопје и Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември, во периодот од 9 до 13 ноември се одржа одбојкарскиот турнир „Феникс куп“.
Турнирот се реализираше во спортската сала на ООУ „11 Октомври“, со учество на сите основни училишта од Општина Центар.
Нашите ученички од ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје покажаа спортски дух, тимска игра, борбеност и упорност, освојувајќи го ОДЛИЧНОТО ТРЕТО МЕСТО! 🥉
Им честитаме на ученичките за постигнатиот успех, како и на нивниот ментор Јане Боровски за посветеноста и поддршката!
Продолжете да победувате, да се дружите и да го претставувате нашето училиште со гордост!
 

Корисни линкови