Logo

Основно училиште

„Кочо Рацин“ – Центар, Скопје

 

Саемот на науката

 
НАУКАТА ЖИВЕЕ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!
 
Денеска во ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје се одржа „Саемот на науката“, во рамките на проектот „Науката и јас“, каде учениците имаа можност да ги претстават своите проекти, експерименти и научни откритија.
Преку практична работа, истражување и креативност, нашите ученици покажаа дека науката не е само теорија, туку возбудливо патување исполнето со нови сознанија, идеи и откритија.
Посебна чест ни беше посетата на градоначалникот на Општина Центар, г-дин Горан Герасимовски, како и раководителката г-ѓа Јагода Јанковска, кои имаа можност да се запознаат со ученичките проекти и нивната посветеност.
Горди сме на нашите млади истражувачи и на наставниците кои ги поттикнуваат љубопитноста, креативноста и љубовта кон науката. Веруваме дека токму ваквите активности ги охрабруваат учениците да истражуваат, да поставуваат прашања и храбро да чекорат кон нови знаења.
 
Благодарност до „Македонија2025“ и „Џонсон Мети“
 

Корисни линкови