Со особена гордост споделуваме дека нашиот ученик Бодан Карангелевски доби стипендија за спорт – пливање, како признание за одличните резултати што ги постигна на пливачките натпревари надвор од системот на училишните натпревари. Оваа стипендија ја додели токму
Општина Центар - Скопје.
Овој успех е резултат на неговиот талент, труд, упорност и посветеност кон спортот.
Како училиште, искрено се гордееме со него и со постигнатите резултати. Му честитаме за заслуженото признание и му посакуваме уште многу победи, нови успеси и испливани рекорди!
