Ден исполнет со знаење, грижа и насмевки во IV б одделение!

Нашите ученици имаа прекрасна можност да бидат дел од една интересна и едукативна средба посветена на здравјето и правилната нега на кожата.
Упатуваме искрена благодарност до прим. д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, која во соработка со Веледрогерија Септима и брендот La Roche-Posay, подготви и реализираше прекрасно предавање и интерактивна работилница.
Преку интересни активности, разговор и практични совети, учениците на забавен начин научија колку е важно да се грижиме за кожата и да создаваат здрави навики уште од најрана возраст.
Со нови знаења, убави впечатоци и многу насмевки, нашите ученици гордо ја понесоа титулата „Чувари на здравата кожа“!
Одделенски наставници: Сања Мерџановска и Даринка Петрова