Врсничкиот притисок и врсничкото насилство – важна тема за нашите ученици!
Денес во нашето IV-а одделение гостин ни беше Маритина Стојкоска, психолог и сертифициран SEL едукатор, која со учениците разговараше за оваа актуелна и значајна тема.
Преку едукативен разговор, учениците ја истакнаа важноста на емпатијата, меѓусебното почитување, прифаќањето на различностите и храброста да се побара помош.
Заедно учиме дека секое дете заслужува да се чувствува прифатено, безбедно и почитувано!
Благодарност до нашата гостинка за споделеното знаење и за поттикнувањето на позитивни вредности кај учениците.
Одделенски наставници:
Елена Јордановска и Ангела Богдановска