Човекот кој ја сака поезијата, уметноста и музиката, Саша Шотаровски – Шоте, денес го удостои нашето училиште со својата посета и ја збогати училишната библиотека со дела од Кочо Рацин, објавени во едно преубаво издание на МАНУ.
Искрена благодарност за укажаната почит, за потсетувањето на значењето на читањето и за придонесот во зачувувањето на традицијата и името на нашиот патрон – Кочо Рацин.