Со особена гордост го споделуваме успехот на нашиот училишен хор, кој беше примен од градоначалникот на Општина Центар, г-дин Горан Герасимовски, во Младинскиот културен центар на Општина Центар, по повод освоеното второ место на престижен меѓународен фестивал за хорско пеење во Херцег Нови, Црна Гора.
Во периодот од 23 до 27 септември 2026 година, нашиот хор достојно го претставуваше училиштето, освојувајќи го второто место во категоријата детски хорови.
Овој успех е резултат на талентот, посветеноста и љубовта кон музиката на нашите ученици, како и на стручната работа и несебичната посветеност на нивниот ментор, Наташа Митрова.
Приемот во Општина Центар е уште едно признание за трудот на нашите ученици и поттик за нови успеси, настапи и музички достигнувања.
Со своите гласови, нашите ученици испишуваат прекрасна приказна за талентот, заедништвото и успехот на нашето училиште.