Денес нашето училиште ја замени училишната клупа со прекрасната есенска природа во Сарај!
Учениците и наставниците од сите одделенија заедно уживаа во есенските бои, свежиот воздух, дружењето, прошетките и заедничките моменти исполнети со насмевки и радост.
Овој есенски излет беше прекрасна можност за меѓусебно поврзување, создавање нови спомени и уживање во убавините на природата. Ден исполнет со позитивна енергија, детска смеа и заедништво!