Активности

По повод детската недела, денес нашето училиште беше домаќин на спортски настан – Игри без граници во организација на Општина Центар – Скопје со ученици од сите основни, Центарски училишта.
Учениците се натпреваруваа во тимски спортови, а гостин на настанот беше Жарко Батиќ, лиценциран тренер за кросфит.
Настанот беше збогатен и со спортската посветеност на Градоначалникот, г-дин Горан Герасимовски.
Преку мини тренинг децата се запознаа со оваа модерна програма за вежбање, овојпат специјално прилагодена за детска возраст.

Денес во училниците на вторите одделенија се реализираше работилница и едукативна презентација – Нула Отпад.

Еко едукацијата треба да е присутна уште кај најмалите заштитници на природата, секако да се носи низ животот, заедно со сите еколошки навики.

На 24.09.2024 г. се одржа инспиративна работилница на тема „Рециклирање и дизајнирање на одржлива облека“. Оваа работилница претставува само вовед на проектот поддржан од Грчката амбасада и нeпрофитна организација “Catwalk” од Грција кои имаат за цел да обезбедат пристап во едукацијата на младите за “брзата мода” и нејзиното негативно влијание врз животната средина и општеството, како и важноста на одржливите практики во модната индустрија.
Проектот го реализираа наставниците Билјана Црвенова, Цветанка Тасевска, Снежана Шумковска и педагогот Верица Костовска.

Во пресрет на големиот ден, 8 Септември, го вееме македонското знаме, пишуваме, читаме, пееме за тебе, достоинствено, гордо… 🇲🇰

За Кара од ❤️
Денес, во паркот на Франкофонијата, се одржа голем хуманитарен концерт каде се собираа средства за лекување на нашата Кара. Кара Селовска е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Има 12 години и поради сериозни компликации е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија.
Голема благодарност до г-ѓа Бојана Скендеровски која заедно со нашите мали првачиња ја разубавија сцената на Франкофонија. ❤️

 

 

Во рамките на проектот МИО, денес во нашето училиште се одржа средба, во која беа вклучени три училишта, ООУ Кочо Рацин – Центар, ООУ Дитуриа – Липково и ООУ Јероним Да Рада – Черкезе. На истата беа реализирани презентации за училиштата и за двајца реномирани современи композитори, Гоце Коларовски и Зијадин Исмаили.
Одговорни наставнички за ова дружење беа Наташа Митрова предметен наставник по музичко образование и Весна Мораитова одделенски наставник, и секако вредните ученици кои дадоа свој допринос, Калина Грашкоска 8а, Михаела Ристовска 7б и Мирај Чавушоглу 5б одделение.

 

 

Со гордост соопштуваме дена на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, на тема „Штедам паметно – живеам подобро: Инвестирам вo својата иднина“ при Народна банка на Р.С.Македонија,
во категорија ликовни творби од I до V одделение награден е токму нашиот ученик
БОГДАН ГАЛЕВ, Vа одделение
Ментор: Славица Силјановска

 

 

Хорот од нашето училиште, под менторство на наставник Наташа Митрова, денес учествуваше на Меѓународен творечки фестивал за културно наследство на народи, во организација на Асоцијацијата Озарение и освои ПРВО место.
Настанот е организиран со поддршка на Амбасада на Руската федерација.
ЧЕСТИТКИ… како и секогаш најдобри ❤️
https://www.facebook.com/koco.racin.centar

 

И овој ден помина во знакот на “Детска недела”.
Нашето училиште учествуваше во спортски игри и презентација на два талента во глума ( Матеј Јанев) и пеење (Јована Алексовска)
https://www.facebook.com/koco.racin.centar

                                             

По повод “Детска недела”, нашите првачиња положија заклетва и станаа членови на светската детска организација. Оваа манифестација се отвори со химната на Република Северна Македонија , во изведба на хорот од нашето училиште.

На ден 19.03.2022 во ООУ “Кочо Рацин” се спроведе акција за чистење и зазеленување на училишниот!
https://www.facebook.com/koco.racin.centar

Активности по повод патрониот празник „Биди човек поттикни хуманост“  – VIIб

  • Преку игра уочуваме дека сите имаме различни вкусови, интереси и желби
  • Читаме лични творби за Рацин
  • Иако сме различни сепак едно е заедничко за сите горди сме што сме ученици во ООУ „Кочо Рацин“

Активности по повод патрониот празник „Биди човек поттикни хуманост“

Активности по повод патрониот празник VI-б

Активности по повод патрониот празник „Биди човек поттикни хуманост“ изработка на IV-б

ПОСЕТИ

Бр. Реализирана активност Време на реализација

Реализатор/учесници

1. Посета на фабрика за производство на кафе ,,Рио кафе“ 11.12.2018 Родител, наставник, ученици
2. Ден на Европа 9.05.2019 Наставник, ученици
3. Саем на книга – учество во промоција на книгата ,,За можење можам, но дали смеам“ – Ивица Маринковиќ (Ивце Пивце) 13.05.2019 Наставник, ученици
4. Посета на Н.У. Музеј на Македонија 26.02.2019 год. Музеј на Македонија, ученици и наставници
5. Одбележување на Ден на Европа 09.05.2019 Општина Центар (5 ученици Мила Мојсовска,Искра Ристевска,Владимир Ангеловски,Огнен Јанковски и Борјан Лазаров)
6. Посета на Општина Центар 17.03.2019 Наставници (2)и ученици(28)
7. Посета на фабрика за амбалажа 19.11.2018 Наставници (2)и ученици(28)
8. Разговор со актерите Едмонт Сотир и Жарко Димоски

Медиумска култура-театар

03.12.2018 Наставници (2)и ученици(28)
9. Средба со писателот Наум Попевски 17.12.2018 Наставници (2)и ученици(28)
10. Посета со уметникот Живко Поповски – Цветин 12.12.2018 Наставници (2)и ученици(28)
11. Детска емисија „Ѕвон“ 26.02.2019 5,6,7,8 и 9
12. Детска радио емисија на македонско радио 12.11.2018 8 и 9 одд
13. Природно научен музеј Скопје 19.02.2019 Тања Поповска-Грујовски / Сузана Стојановска

На покана од уредничката на детската емисија „Ѕвон“ , нашето училиште беше гостин во емисијата на 26.02.2019 година. Се претставивме со неколку содржини, меѓу кои имаше претставување на музички таленти, спортисти, една драматизација и ритмички точки. Земаа учество околу 60 ученика. Сето тоа се реализираше со помош на наставничките Менка Трепалковска, Наташа Митрова, Габриела Апостолоска, Весна Мораитова и Елена Младеновска.

ООУ „Кочо Рацин“ учествуваше на работилница организирана од страна на Министерството за труд и социјална политака во соработка со Европскиот Совет за борба и превенција на трговијата со деца. Целта е подигнување на свеста кај наставниците, стручните служби и другите релевантни кадри и училишен персонал (психолошко-педагошка служба), за феноменот на трговија со деца во училиштата.

Во светот на детската игра постои согласување дека таа е се помалку обична забава за децата, па од таму потекнува потребата на децата повторно да им се врати детството и игрите кои се многу значајни за нивниот развој. Театарска престава одиграна во спортската сала на ООУ„ Кочо Рацин“ : ” Check in” – Пред зграда, која е поддржана од Општина Центар и е наменета за сите деца до 10 годишна возраст. Престава која има едукативна порака за тоа колку децата денес поминуваат време пред своите телефони и компјутери и нивното негативно влијание врз развојот.

На наше големо задоволство директорот на ООУ „Кочо Рацин” – Јовица Остојиќ овозможи работна средба со заменик Министерот за образование и наука Петар Атанасов, Раководителот на Сектор за јавни дејности во o.Центар Јагода Јанковска како и директорката на ОOУ “Димитар Миладинов ” – Маја Ангелова на тема: „Искуството и ефектите од реализацијата на програмата Cambridge International Examinations применета во основното образование на РМ“ , која се одржа на 16.01.2019 година во просториите на училиштето.

На 25.12.2018 година се одржа Новогодишен базар во нашето училиште. Учество земаа сите паралелки од I- IX одделение. Паричните средства ќе бидат наменети за потребите на училиштето.

На 05.12.2018 година во Библиотеката „ Другарче“, беа доделени дипломи и награди за најдобрите ученици на конкурсот „Моќта на читањето – Климентова животна сила“. Нашиот Марко Фрчковски осввои I место.

Ден без автомобили

Посета во планетариум

На 14.05.2018 (понеделник) беше организирана посета во планетариум со учениците од осмите одделенија во организација на наставникот по физика- Катица Митовска Христовска и помошници наставници – Наташа Митрова и Марина Гроздановска. Целата на посетата беше проширување на знаењата од темата: Земјата и подалеку, поточно проширување на знаењата за Сончевиот систем, нашата галаксија Млечен пат и небеските тела.

Во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година, во училиштето се реализираа следните активности:

СОДРЖИНА АКТИВНОСТИ РЕАЛИЗАТОР НА АКТИВНОСТИТЕ ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ПОТРЕБНИ СРЕДСТВА И УСЛОВИ
Размена и поделба на учебници Собирање, проверување и отстранување на оштетени учебници Предметни и одделенски наставници Јуни/ Септември

2017

Училница и учебници
Собирна акција Собирање на пластична амбалажа Предметни и одделенски наставници Секој месец во текот првото полугодие Училница и корпи за пластика
Денот на градта Собирање на парични средства во вид на вредносни бонови, во соработка со Црвен крст Одговорен наставник Октомви 2017 Вредносни  бонови
Одбележување на недела на борба против болести на зависност Предавање и работилница за борба против болести на зависност Одговорен наставник

во соработка на Црвен крст и учениците од девето одделение

Ноември

2017

Училница и LCD проектор
Организирање на Патронат Подготока на рецитали, музичко ритмички точки, хор, оркестар Училишен тим Декември

2017

Кино Култура
Организирање на новогодишен базар Изработка и продажба на новогодишни украси,

честитки и друго

Одговорните на активи од прво до девето одделение Декември

2017

Училница, Сала за физичко и здравствено образование
Учество на хуманитарен новогодишен базар – Реализатор Општина Центар Изработка и продажба на новогодишни украси,

честитки и друго

3 одделенски наставници 30 Декември

2017

Сквер Јадран, Општина Центар

 

Реализирана активност Време на реализација Реализатор
Свечена приредба по повод приемот на првачињата

 

04. 09.2017 Директор

Наставници

Ученици

Родители

Учество во еколошки акции во собирање на пластика 09 – 12.2017 Наставници

Ученици

Родители

Работен состанок со наставниците по физичко образование. Општина Центар
Посета на фестивал за литература за деца 16.09.2017 Наставник по македонски јазик и ученици од 7б
Посета на НЛБ Тутунска банка 25.09.2017 Наставник и ученици од 3в одделение
Учество на завршен настан во рамките на проектот за превенција на меѓуврсничко насилство „Крајот на насилството започнува со тебе“ 29.09.2017 КОН ЕДУ Глобал, Амбсада на САД во соработка со тим од наставници при училиштето
Посета на лице од танц групата Ларонида, работилница со лице со посебни потреби 09.10.2017 Британска амбасада и Ресурсен центар
Учество во детска емисија „Голем одмор“ – МТВ 27.10.2017 Одделенски наставници и ученици од 4в, Училишен хор, и други ученици од училиштето
Најголемиот глобален час – учество, на тема „Секој оброк раскажува приказна“ 13.11.2017 МОН и УНИЦЕФ
Учество во акција „Денот на акцијата за децата од децата“ – Светски ден на детето 20.11.2017 Тим од одделенски наставници – координатори и одделенски наставници и ученици
Одбележување на манифестацијата „Недела на италијанската кујна“ 21.11.2017 Италијанска амбасада и Институт Данте Алигери
Потпишување на Меморандум за соработка со Италијанскиот амбасадор Карло Ромео 21.11.2017 Италијанска амбасада
Посета на фабриката ВИВА 22.11.2017 Наставник и ученици од 5в одделение
Посета на Собрание на РМ 24.11.2017 Наставник и ученици од 5в одделение
Учество на отварањето на спортски игри „ Лига Центар 2017 “ 26.11.2017

 

 

 

 

Општина Центар

Директор

Наставници

Ученици

Родители

Учество во спортски турнири и натпревари Октомври/Декември

2017

Сојуз на Училишен спорт на ниво на Општина  Центар, наставници,ученици
Посета на балетска престава „Снежана и седумте џуџиња“ – МОБ 12.12.2017 Наставници и ученици од 1 до 3 одделение
Театар за деца и младинци – Новогодишна детска престава 13.12.2017 Наставници и ученици од 2 одделение
Посета на планетариум 13.12.2017 Катица М. Христовска – наставник по природни науки и ученици од 5а,б,в
Одбележување на Патрон празник на училиштето-73 години од работата 21.12.2017

 

Директор, наставници, ученици,

родители

Учество на манифестација „Во мојот свет“ 25.12.2017 Општина Центар
Посета на балетска престава „Снежана и седумте џуџиња“ – МОБ 18.12.2017 Наставници и ученици од 5а,б,в
Учество во хуманитарна акција под мото „Хуманоста на дело ни донесе здравје и среќа во 2018 година“ 30.12.2017 Општина Центар
Учество во Бадникова Поворка 06.01.2018 Здружение за возобновување на православните традиции во Македонија – Бадникови поворки и Општина Центар