Активности на ученици

Денес на часот по Природни науки во 6а и 6б одделение имаше презентација за Циркулаторен систем кај човекот од страна на Проф. Д-р Кристина Павловска, специјалист по интерна медицина на Институтот Передклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Медицински факултет-Скопје.
За време на часот, покрај презентацијата, учениците научија како самите можат да си го измерат пулсот преку практична вежба, слушаа отчукување на срцето со помош на стетоскоп и научија како да измерат крвен притисок.
Учениците од четвртите одделенија беа во посета на Метеоролошка станица, каде стекнаа многу знаења, а секако ги потврдија и веќе стекнатите. Од блиску видоа како се проценува времето, како дознаваме за временската прогноза и што е тоа метеоролигија.
Одговорни наставници: Даринка Петрова, Валентина Петревска и Радмила С. Ристиќ
Во текот на месеците октомври и ноември 2024 година, компанијата ОКТА во соработка со РСБСП и МВР организираат едукативни работилници за првачињата од Општина Центар на тема ,,Правила за малите пешаци”.
Денес нашите првачиња се запознаа со правилата за безбедно учество во сообраќајот.
Учениците од Vа одделение имаа прекрасна можност, па беа во посета на ликовната изложба на почитуваниот г-дин Беди Ибрахим збогатено со работилница токму во Чифте аман.
Нашето училиште е гордо на секој ученик кој бил и сега е ученик, токму во Рациновиот дом, нашиот храм на знаење, успеси, таленти…
Го истакнуваме талентираниот ученик Макси Ѓорѓиевски, Vа одделение, и неговиот особен талент за кошарката.
Нашето училиште е гордо на секој ученик кој бил и сега е ученик, токму во Рациновиот дом, нашиот храм на знаење, успеси, таленти…
Го истакнуваме талентираниот ученик Војдан Ѓорѓиевски, Vа одделение, и неговата уметничка, ликовна креатувност и талент.
Овошјето здравје во себе носи.
Шарено, сочно, убаво зрее
во секое зрно, здравје се крие.
Обработка на лектирата ,,Касни порасни,, од Петре М.Андреевски во IIв одделение.
Одд.наставници: Катерина Вукашиновски и Билјана Милованивска

https://www.facebook.com/koco.racin.centar/videos/1074739143908767/

Негувањето на љубовта кон родното место, татковината, општината е секако дел од нашите воспитно – образовни вредности.
Во училиште се негуваат тие вредности!
Денес е национален ден на штедењето.
По тој повод учениците од вторите одделение ја посетија осигурителната компанија Кроација .
Децата имаа прекрасен ден исполнет со дружба, разговори за осигурување, боење и игри.
Во рамките на мрежата за искуствено учење нашето училиште, ООУ Кочо Рацин – Скопје и учениците од IVa одделение, ја посети Ботаничката градина во Скопје со цел реализирање на проектот ,,Воспоставување мрежа за искуствено учење – програма за квалитет на воздух”.
Преку експерименти, учениците имаа можност да осознаат како човекот и другите фактори ја загадуваат природата, но и како растенијата ни даруваат живот ублажувајќи го загадувањето и произведувајќи кислород.
Одд.наставник: Радмила С. Ристиќ
На работилницата учествуваше претставникот на УНИЦЕФ во земјата Лесли Милер.
Нашите ученици од петтите одделенија, Vа и Vб одделение, своето учење го продлабочија и заокружија со многу импресивна петдневна настава во природа низ убавините на Западна Македонија под мотото: Патуваме, Набљудуваме, Истражуваме и се Дружиме. Денови исполенети во слога, со многу емоции на позитивна енергија, секојдневно опкружени со свеж и чист воздух во прекрасната природа низ убавините на нашата татковина! 🇲🇰
Успехот е скала по која не можеш да се искачиш со рацете во џеб!
Годините ќе минат, ќе течат дните, но незаборавни спомени ќе имаме сите
Одговорни наставници: Билјана Денкова, Виолета Лесанска и Јане Боровски.
Запознајте го Итар Пејо… Итрецот кој со децении е дел од македонските народни приказни, лик од истоимената детска лектира.
Неговиот лик беше оживеан во IVв одделение.
Одд.наставник Даринка Петрова

По повод ,,Октомври-месец на глад”, Црвен крст спроведува хуманитарна акција, кон која се приклучи и нашето училиште. Во престојниот период сите заедно ќе мотивираме со нашата хуманост.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid02Ag2vmNF2EjHgMMHqRhEddQ1GJLagNHJP3YfUJG8nKrFAth4DQk6xkW1kYmnH9XzTl

Активности посветени за ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО. Децата од II б одделение се запознаа со видовите на јаболкото, научија за сите негови важни работи за детското здравје, за да на крај се засладија со вкусни јаболки и свежо цедени сокови.
Јаболкото многу витамини има!
Се јаде во лето, есен и зима.🍏🍎
Одделенски наставници: Сања Мерџановска и Елена Јордановска
Денешниот ден, овој убав, сончев, есенски момент, беше освоен од нашето училиште и сите Рацинови ученици и наставници. Во Сарај се слушаше детски џагор, се слушаа гласни насмевки, спортски извици, песни…
Есенското Сонце одлучи дека сепак е поинтересно меѓу децата, отколку меѓу облаците.
16.10.2024 – еднодневен есенски излет – Сарај 🍂🍁🌼 
Во пресрет на утрешниот празник 11 Октомври, споделуваме низа активности во нашиот училишен дом.
Со почит кон учителот … посветено видео во чест на Денот на учителот…
Вредните ученици од IVв одделение.
Одделенски наставник Даринка Петрова
По повод Детска недела, учениците од IIIб одделение работеа на тема “Правата на децата”.
Вредните третоодделенци ги знаат своите права, но и обврските кои произлегуваат од нив.
Одделенски наставници: Јуле Климевска Манче и Диана Марковски
Учењето е полесно кога е низ игра.
Весела математика за учениците од II в одделение.
Одделенски наставници: Катерина Вукашиновски и Билјана Миловановска.
Нашите III одделенија денес беа на еднодневна наставно научната екскурзија во Крушево. Посетија споменик Илинден – Македониум, Музеј на Тоше Проевски, се шетаа низ градот и гледаа интересни и специфични градби во самиот тој… се забавуваа со караоке во автобус, јадеа крушевска пица, си купија спомен сувенири, целуфки и локум… Навидум малку активности, мал град, ама времето брзо поминува со убаво друштво.
Пред се’ – учениците научија важни работи за нашата Македонија и историјата!
На часот по Природни науки IIВ одделение го продлабочија знаењето за природните извори на енергија и за струјно коло.
Голема благодарност до родителот Љупчо Чикула.
Одделенски наставници: Валентина Зафировска и Сузана Стојановска
Во потрага по нови знаења околу здравата храна, во рамките на предметот природни науки, нашите ученици од вторите одделенија беа во посета на фабриката Виталиа. Децата пробуваа разни вкусеви, научија интересни работи за здравата храна, како се произведува, која е таа, но и што треба да направиме за да бидеме здрави.
Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, нашите IIIв им го честитаат денот на сите другарчиња од муслиманската вероисповед.
Во детскиот свет да создадеме, да трае за понатаму – насмевката е насмевка на секое лице.
Одделенски наставници: Даринка Петрова и Елена Јордановска
По повод Светскиот ден на здравјето, денес во нашето Iв одделение се реализираше работилница за ,,Важноста на сонот за нашето здравје” и тоа од страна на г-ѓа Сања Ѓорѓева, експерт и сертифициран тренер за спиење Dr.Goodnight.
Учениците со особено голем интерес учествуваа во работилницата и секако ги продлабочија своите знаења. 🌛💤
Одговорни наставници: Катерина Вукашиновски и Билјана Миловановска
Нашите првачиња од Iв уште вака мали, сепак со голема желба кон книгите и читањето. Денес, по повод Светскиот ден на книгите за деца, на креативен начин го одбележаа денот и неговото значење. 📚📖
Одд.наставници: Катерина Вукашиновски и Билјана Миловановска
По повод Светскиот ден на аутизмот, во IIIв креативно се твореше. Тоа се нашите вредни дечиња кои ја почитуваат различноста, кои се пример за сите.
Одд.наставници: Даринка Петрова и Елена Јордановска
Нашите ученици од петтите одделенија ни испраќаат топол поздрав од Охрид каде се на својата наставно-научна екскурзија.
Во чест на денешниот ден и тие ги облекоа своите маски… Априлијада 2024, Кочо Рацин во Охрид.
Наставници: Весна Мораитова, Славица Силјановска и Јане Боровски
Ви ги споделуваме фотографиите од наградените маски при овогодинешната Априлијада, 2024…
Големо БРАВО за сите ученици и нивниот труд за изработка на маски.
Во потрага по нови знаења околу здравата храна, во рамките на предметот природни науки, нашите ученици од третите одделенија беа во посета на фабриката Виталиа. Децата пробуваа разни вкусеви, научија интересни работи за здравата храна, како се произведува, која е таа, но и што треба да направиме за да бидеме здрави.
Денес за нашите првачиња при Iб одд. беше особено интересен ден.
Учениците стекнаа нови знаења за градба и функција на коските и
грижа за нивниот правилен развој .
👨🏼‍🔬🦴💪
Во нашата училница се реализираше работилница организирана од нашиот родител д-р Нерон Поповски .
Одделенски наставници: Сања Мерџановска и Даниела Апостолска
Да се потсетиме дека сите сме исти, без разлика и дека сите сме посебни и единствени такви…
Во чест на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 Март, денес облековме шарени чорапчиња и си дозволивме да се чувствуваме посебно и среќно.
III- a и одделенски наставници:  Радмила С. Ристиќ и Маја Петревска
Одбележавме и Светски Ден на водата… да денес е токму 22 Март. Учиме за водата, за важноста, за посебноста … Водата е живот 🌎💧
Денес е 21 март, првиот ден на пролетта, навидум обичен ден како и сите други, но всушност толку посебен – ден посветен на разубавување на нашиот училиштен двор, училниците, а учениците од нашето училиште го сторија токму тоа и го обоија во боите на убавата пролет. 🌱
Да, денес во нашиот училиштен двор учениците посадија голем број садници кои ќе растат заедно со детскиот раст и ведар џагор.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0Rh5pAdREKLPaMbzSfTcuEEXEHsifiXtoT8QfpAW19KP8kbGYNj3VQQbf8nisBiExl
На часот по изборен предмет УМЕТНОСТ – креирање од хартија – оригами, во IVa одделение гостин ни беше скопскиот мајстор за оригами Јулијан Кашовски.
Нашите ученици уживаа во интересниот час и креативноста на нашиот гостин.
Активности по повод ДЕНОТ НА ЖЕНАТА, секако изработено од нашите ученици – за своите мајки. ❤️
❤️🤍По повод почетокот на месецот март, денес нашите ученици изработуваа мартинки. Иако има различни верувања за црвено-белата мартинка, сепак нашиот мотив е ДРУГАРСТВОТО и НАСМЕВКАТА.
Од страна на МВР се реализираше предавање ,,Превенција од зависности- пушење, алкохол и психотропни супстанции” во 7а, 7б, 8а, 8б и 8в одделение. Активноста е спроведена од страна на педагог Верица Костовска во соработка со Катерина Стојкова и Орце Јовановски – Инспектори од одделението за превенција на СВР Скопје.
Во нашето училиште се реализираше предавање од страна на СВР на тема ,,Безбедност во сообраќајот” .
Предавањата беа реализирани во во II-а, II-б и II-в одделение.
Одделенски наставници: Габриела П.Апостолска, Анета Гогушовска, Диана Марковски, Јуле К. Манче,Валентина Зафировска и Сузана Стојановска
Педагог Верица Костовска
Денес учениците од третите и четвртите одделенија беа во посета на Националната опера и балет и ја проследија интересната музичка престава “Опера на шумските животни”.
Посетата е во корелација со наставните предмети музичко образование, македонски јазик и општество.
Учениците од паралелките 5а и 5б во рамките на предметот Природни науки правеа истражување на различни видови на семиња. Ги дефинираа поимите: ртење и апсорбирање. Во исчекување ќе сме следните три седмици за воочување на промените.
По повод обработка на лектирата ,,Шеќерна приказна” од македонскиот писател Славко Јаневски, учениците од III абв одделение го изрботија токму Шеќерното дете.
Развивањето на љубов кон книгата и читањето може да биде и креативна и вкусна 📖
Одделенски наставници: Даринка Петрова, Елена Јордановска, Валентина Петрoвска,Александар Тошевски, Радмила С. Ристиќ и Маја Петреска
16 Ноември е Меѓународен ден на толеранцијата. Нашите најмали Iв одделение посветија час, токму за да научат што е тоа толеранција. На сите ви порачуваат: Ајде заедно да го направиме светот поубаво место за живеење. Ние можеме… Сите можеме!!! ❤️
Одделенски наставници:
Катерина Вукашиновски

 

 

На денешната ученичка Квизотека 2023/2024 која се одржа во Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје нашето училиште учествуваше со 3 други училишта и тоа:
ООУ Св.Климент Охридски – Општина Кисела Вода
ООУ Георгија Пулевски – Општина Аеродром
ООУ Киро Глигоров – Општина Центар
Учениците одлично се покажаа во сите активности, но сепак, највпечатлива беше позитивната атмосфера, убавата енергија и насмевките кај сите учесници.
До следната ученичка квизотека…
Фебруари…
🍀🍀🍀

                

 

Смели, љубопитни и комуникативни разговори нижеа малите IIб. Денес тие се запознаа со работните обврски и надлежности на Претседателот на Р.С. Македонија, г-дин Стево Пендаровски. Учениците сакаат да ги збогатуваат своите училишни и воннаставни активности – тоа вреди!
Посетата беше во чест на нашето Скопје, по повод 13 ноември, денот на нашиот главен град. 🇲🇰
Одделенски наставници:
Диана Марковски
Јулe Климевска Манче

                

 

Денес учениците од IIв одделение по повод 13-ти Ноември, Ден на ослободувањето на Скопје, имаа прекрасна, едукативна работилница со родители. Имено учениците се запознаа со приказната ,,Големата камена глава, јунакот и копјето кое пее”, а потоа го цртаа јунакот со копјето. Следеше и најинтересниот дел од работилница – ,,Мали архитекти, но со големи идеи – што сакам да има на кровот од ГТЦ” заедно со архитектот Јана Ѓорѓевиќ.
Благодарност и до Ведран Ѓорѓевиќ, Ирина Кузмановска, Јован Трпевски и Моника Стоиловска.
Одделенски наставници:
Валентина Зафировска

                

 

Денес учениците од IIв одделение беа во посета на Народна Банка на Република Северна Македонија.
Учениците го проширија знаењето за парите и научија како да штедат.
Одделенски наставници:
Валентина Зафировска

                

 

Учениците од 9б и 9в одделение денес беа во посета на гимназијата Алгоритам. Дел од учениците проследија новитети од областа на информатиката и IT технологија, додека дел од учениците присуствуваа на презентацијата на хемиски експерименти при што имаа можност и самите да експериментираат.
Одговорни наставнуци:
Катица М. Христова
Марина Гроздановска

                

 

Во нашето училиште на часовите по биологија кај наставничката Ирина Шорева имаше гости, предавачи од Природно-математичкиот факултет. Професорката Наталија од катедрата за микробиологија заедно со нејзините асистенти одржаа интерактивно предавање на тема:
Микроорганизми, СИТНИ АМА БИТНИ: НОВ ПРИСТАП КОН ОБУКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА. Нашите ученици со голем интерес и внимание го следеа предавањето и стекнаа нови знаења.

                

 

Нашите ученици од 8 одделение Катја Димова, Марио Матиќ, Борјан Настов, Искра Ристовска, Соња Музелова и Мила Петковиќ заедно со наставничката Ирина Шорева во организација на Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje, учествуваа на општински натпревар за прва помош и заштита и освоија трето место!!!
Им честитаме на нашите ученици и изразуваме благодарност до менторките Стефанија и Анастасија, претставнички од Црвен крст Скопје, кои ги подготвија учениците за учество на денешниот натпревар.

                

 

Во паркот Франкофонија се одржа манифестацијата “Еко пикник” , во организација на Општина Центар – Скопје. Нашето училиште учествуваше во музичкиот дел, во кој настапија: Јована Алексовска, Мина Нетковска и Софија Костовска, под менторство на наставник Наташа Митрова.

                

 

ООУ Кочо Рацин се приклучи кон еколошката акција организирана од Општина Центар – Скопје под мотото „Да го рециклираме ѓубрето од минатото во зелена иднина“. Нашето училиште учествуваше во големата акција за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 во која се вклучија 52 општини од државата.
Целта на акцијата е да се подигне свеста кај граѓаните и учениците за заштита на животната средина.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0SGD5PSCaDEoCFR9p8vRN1atcy9waJEBTjpFaq7qeqHhYX4oZMA2aiZmxpzXtTgGzl

                

 

Денес нашите најмали, првачињата од Iб, со своите наставнички Диана Марковски и Јуле Климевска Манче реализираа работилница на тема “Професии на луѓето” во рамките на наставниот предмет општество, па оттука ја посетија и адвокатска канцеларија ПетреШилегов.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid02QLvUqhE4mboLntoKyEidZxobGEgM7gh13JYR9GyT31i77RkRPtWm8wFQpBF73RzYl

                

 

На ден 26.04.2023 година, како завршен дел од проектот, учениците од VII и VIII одделение, имаа можност да ја посетат Полициската станица Беко, да се запознаат со работата и надлежностите на вработените, како и опремата кои ја користат при нарушен јавен ред и мир. Имаа можност да се видат и поразговараат и со командирот на Полициската станица Игор Стаменковски.
Одговорни за проектот во нашето училиште: Билјана Црвенова и Верица Костовска, во соработка со претставници од МВР, отсек: Безбедност и Општина Центар – Скопје.

                

 

По повод денот на книгата, денес нашите ученици од Vб одделение со својата наставничка Катерина Вукашиновски, беа на посета на книжарницата Матица. Својата одделенска библиотека денес ја збогатија со нови книги, под мотивот:
Читањето е сила, читањето е моќ 📖 
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid02LbFxD5FDjrs6XT8wN4tN6KjWsgS34oTcbA4bBwdHDJi3Hvx8Pbqsb2tvM1FFyTqnl

                

 

Нашите ученици од 8 одделение, Катја Димова, Марио Матиќ, Борјан Настов, Искра Ристовска, Соња Музелова и Мила Петковиќ заедно со наставничката Ирина Шорева беа дел од настан на Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje по повод престојниот општински натпревар за прва помош.
Им посакуваме среќа, успех и стекнување на нови знаења кои ќе ги применат на натпреварот.
https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0HKzsH5BxJg3kXKtHYhRgpYH9djfwZqo5fN7rnUc6MEA1sKq3moe2PA1Kuc8QpiiUl

                

 

Ден исполнет со многу, многу насмевки…
Ден посветен на сите нас…
Ви доловуваме дел од атмосферата на ВЕЛИГДЕНСКИОТ ХЕПЕНИНГ и БАЗАР, настан со многу забава, музика, насмевки и креативни, ученички штандови со Велигденски изработки, под мотото МОЕ УЧИЛИШТЕ, НАШ ДОМ… МОЈА СЕГАШНОСТ, НАША ИДНИНА…
            https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0ANFP3owA8EBwuXTgUD6XqKidfLXn9LvWfj5HDSiQSwwtDUwjMEZ1pbDkPQau1Pm2l

                

 

Нашето училиште, под менторство на Билјана Црвенова, се пријави да стане дел од првата ЛЕГО турнеја која е во склоп на Еразмус проектот: “Градење со ЛЕГО коцки: Еко градови на иднината“.
Во прилог може да погледнете слики како нашите ученици од IIIа одделение навистина ангажирано се трудеа да го изградат нивното ,,Школо на Иднината”.   Браво! 👏   https://www.facebook.com/koco.racin.centar/posts/pfbid0264A2xUh6j5scwefAqxgKDwjQkSs5QjtazjSf6xVEvzmM2RDSd13iwVXVQiux2ZJql

                                         

 

 На ден 16.03.2022 учениците од деветите одделенија заедно со наставничките по биологија и хемија Ирина и Јасмина присуствуваа на отворен час по биологија и информатика во ПСУ Алгоритам, Скопје. Учениците на часот по биологија имаа можност да погледнат и да учествуваат во дисекција на лигња, додека на часот по информатика програмираа мини робот и гледаа низ 4д очила.

При денешната посета нашите ученици стекнаа нови знаења и искуства

smart

smart

smart

smart

                                         

 

Немаме Резервна планета 

Резервна планета

Изработил: Горазд Чучков 6в
Ментор: Менка Трепалковска                                                               

 

ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Главна цел на програмата за унапредување на здравјето е формирање на психички, физички и социјално здрава личност, способна да се грижи за своето здравје, здравјето на своето семејство и здравјето на поблиската околина.

Стручните соработници во соработка со одделенските раководители и наставникот по биологија во своите програми за работа реализираа содржини  за здравствена едукација, здрава исхрана, грижа за личната хигиена и хигиената на училиштето и работилници за унапредување на здравјето.

Грижата на  здравјето на учениците во текот на првото полугодие од учебната 2017/2018 година опфати и реализација на програма за вакцинација на учениците, систематски прегледи и прегледи на забите.

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Активност Време  на реали-зација Реализатор Извори

Ресурси

Методи  и постапки

при реализациjа

Очекувани

Ефекти

Организирање исхрана за учениците од I-IV  и ужина за учениците   V-IX  одделение 09-12.2017 Домаќин

Одделенски раководители Совет на родители

Договори склучени со набавувачи на ужинка

 

Реализација на оброк во договор со опслужуваќ за приготвување на храна Подобрување на општата психофизичка и здравствена состојба на учениците
Осигурување на учениците 10. 2017

 

Комисија за осигурување

Одделенски раководители

Секретар

Договор склучен со осигурителна компанија

Записник

Состаноци со советот на родители Надомест при евентуални повреди
Редовно одржување на хигиената на училници, ходници и училишен двор

 

09.2017 –

12.2017

Технички кадар,

Домаќин

Хаус мајстор

Прибор и средства за хигиена Ученици

Наставници

Вработени во училиштето

Одржување на хигиената во училиштето на високо ниво
Редовни прегледи  на личната хигиена на учениците 09.2017 –

12.2017

Одделенски раководители Дневници Реализација на редовните прегледии за лична хигиена Подобрување на личната хигиена и здравјето на учениците
Едукација за орално здравје

„Градба и функција на орална празнина за учениците од I, IV одд

 

 

09.10.2017

10.10.2017

 

 

Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Дневници

 

Презентација

Разговор за тема

Дискусија

Интеракција

 

Контрола, мотивација за одржување на орална хигиена кај децата
Систематски прегледи и залевања на учениците од VII одделение 18.09 – 22.09. .2017 Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Здравствени картони, Здравствени легитимации Дневници Стоматолошка ординација

Употреба на залевач по утврден протокол

Едукација на учениците и родителите за време на посетата

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
Систематски  преглед на учениците од VI одделение 22 – 24.11.2017

 

Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Здравствени картони, Здравствени легитимации Дневници Стоматолошка ординација

Употреба на залевач по утврден протокол

Едукација на учениците и родителите за време на посетата

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
Систематски прегледи и залевања на забите за учениците од V одделение 27 – 29.11.2017 Детска превентивна стоматологија при поликлиника

– Идадија

Здравствени картони, Здравствени легитимации Дневници Стоматолошка ординација

Употреба на залевач по утврден протокол

Едукација на учениците и родителите за време на посетата

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
 

Систематски прегледи и имунизација на учениците: вакцинација според календар на имунизација на Министерство за здравство

06.09.2017

 

 

 

Ординацијата за превентивна здравствена заштита на училишни деца  – поликлиника Бит Пазар Здравствени картони, Здравствени легитимации  

IX одд.   Di-Te, Polio

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
 

Систематски прегледи и имунизација на учениците: вакцинација според календар на имунизација на Министерство за здравство

 07.09 2017

 

 

 

 

Ординацијата за превентивна здравствена заштита на училишни деца  – поликлиника Бит Пазар Здравствени картони, Здравствени легитимации  

II одд. Di-Te, Polio

 

 

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
 

Систематски прегледи и имунизација на учениците: вакцинација според календар на имунизација на Министерство за здравство

30 -31.10. 2017

 

 

 

 

Ординацијата за превентивна здравствена заштита на училишни деца  – поликлиника Бит Пазар Здравствени картони, Здравствени легитимации  

I одд. MRP

 

Успешно следење и унапредување на психофизичкиот развој на личноста на училишното дете
Едукативно предавање на тема „Заштита од загаден воздух“ 01.12.2017

 

 

Струлни лица од општина центар

Одделенски дневник Презентација

Разговор за тема

Дискусија

Интеракција

 

Зголемување на свеста за заштита од загаден воздух