Куќен ред

Куќен ред на училиштето За учебната 2020/2021 година

1. Наставниот процес се реализира во периодот од 8,00 часот до 15,25 часот.
2. Учениците се должни да доаѓаат во училиште 10 минути пред почетокот на часот
3. Учениците и вработените треба да ги користат влезовите во училиштето согласно распоредот за влез/излез кој е истакната на видни места во училиштето.
4. Сите вработени во училиштето пред да влезат во училиштето, им се мери телесната температура и во случај да на зголемена температура (над 37,4) се упатуваат кај матичниот лекар.
5. Учениците телесна температура мерат во домашни услови и во случај да на зголемена температура (над 37,4) останува дома. Телесна температура на ученикот му се мери пред да влезе во училиштето.
6. Сите вработени во училиштето и ученицте задолжително пред да влезат во училиштето, треба да ги дезинфицираат обувките и рацете.
7. Сите вработени во училиштето и учениците задолжително носат маска додека се во училиште.
8.Се забранува поздравување со физички контакт за вработените во училиштето и и меѓу учениците.
9. Во училиштето се воведува систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите.
10. Пренесувањето на информации со наставници, родители/старатели се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација.
11. Наставата во училница се изведува со најмногу до 15 ученици и обезбдено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
12. Помеѓу вториот и третиот час, учениците имаат голем одмор , кој се користи за консумирање на оброкот и за релаксација.
13. Сите вработени во училиштето и учениците се грижат за одржување на личната хигиена (миење на раце).
14. За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен одделенскиот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичката дистанца меѓу учениците.
15. Учениците треба да го напуштат училиштето по завршувањето на наставата и да не се задржуваат во училишните простории.
16. Мобилните телефони од страна на сите чинители задолжително се дезинфецираат неколку пати во текот на денот.
17. Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршувањето на сите училишни активности.
18. Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
ПОЧИТУВАЊЕТО НА КУЌНИОТ РЕД ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ДА ГО ЗАЧУВАМЕ СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ